argenthessis
Highflyer
Seat Ibiza 2002 год, имам проблем со замаглување на предното стакло наутро, дури и кога го пуштам центрлното греење/грејачот за стакло речиси нема ефект. Минатата година немав ваков проблем, сега веќе прераснува во проблем, ништо не се гледа.
Пребарував на интернет и прочитав дека замаглувањето на стаклото може да е поради две причини: поради нечист филтер за полен или филтер за кабина (како и да се вика), или поради квалитетот на антифризот (патем лани го сменив, оваа година не сум го менувал).
Ве молам за совет од оние кои повеќе се разбираат од овие работи или некој кој го имал овој проблем.
Казанчето за парно е. Ретко да има кола од 2002 на која не е сменето или не е за менување зошто ние македонците сме најпаметни од сите, место квалитететн антифриз вода чешмовача дотураме.