FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Стинг беше супер филм. Многу смешен, и паметен истовремено. И јас не сакам филмови со гангстери и мафиози и слично, ама сакам филмови со местенки, сплетки, и како што вели насловот, стингови. А овој филм, влече повеќе кон второто отколку кон првото. Имаше доста харизма во филмов, и ликовите беа неверојатни, исто како и глумата особено од страна на Пол Њуман. Омилена сцена можеби ми беше во возот кога играа карти и глумеше дека е пијан. Нешто слично изведе 30 години подоцна и Бред Пит во една од неговите улоги. Ама Пол Њуман ептен неверојатно го изглуми пијанството и целата сцена ми беше ептен забавна. На крај мислев дека ќе се картаат пак, ама сепак бев грешка. Ми се допаѓа што до самиот крај не бев сигурна дали ФБИ-то беше вистинско или наместено, и цело време се премислував.
Во секој случај многу симпатичен, забавен и одличен филм, особено за фанови на Оушн трилогијата и сличните филмови, од кои што сум и јас.

8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Sting (1973)

Се мислев дали и третпат да го гледам, се решив, го изгледа и не зажалив.
До денешен ден има голем број филмови кои обработуваат и многу пософистицирани измами од оваа, така да денешните гледачи веќе имаат искуство во препознавање на измамата и предвидување на пресвртот, но ова е најверојатно првата измама на филм од вакви размери. Маестрално изведено. Речиси половина век како е снимен филмов а се уште делува свежо. Од сите аспекти и уметнички и технички. Одлично ја водеа приказната, преполна со компликации и изненадувања кои беа издржани и без дупки и покрај тоа што веќе ги знаев пресвртите. И музиката на Џоплин супер легнува на филмот, иако не е правена за него.
Гледам на првото гледање сум му дал девет, нека му остане.
9/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
човекот и природата



двата вкупно се нешто под 90 минути..

Мислам не кршам правило некое со два филма, а и да кршам ќе оздрави попосле. Ако некој не сака двата да ги гледа, тогаш првиот нека биде задолжителен и го препорачувам со француска нарација(има и англиска)

Јас инаку ги гледам филмовиве тука ама поради присуство на мрза не пишувам рецензии.. Стинг класика, тоа е тоа, и харизма и сценарио и јаки пресврти и по трето мислам гледање.. тој англискиот одмазднички добар, исто и streets of fire и Leto, branded to kill не легна, слабо, High Noon исто мислам беше у клубов, лектира..
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
The man who planted trees

а не ми беше у план
баш гледав кратки 2D анимирани периодов
налетав и на овој кај оскаровските
али чим Гранде вика глеј

инспиративен (краток) филм
со неверојатна (мислев дека е true) и поучна приказна
дека никогаш не треба да се губи надеж
и што сé може да се постигне кога се има визија

може не ми остави поголем впечаток
поради стилот на анимација... не баш по мој вкус.... иако преферирам 2D овр 3D... пак се работи за импресивна рачна анимација (за која биле потребни како што читнав цели 5 години!) која не е така едноставна како што изгледа на почетокот, со аглите, сенките, прикажаните предели подоцна
али надополнуваа и ме водеа/вовлекоа одма од самиот почеток on-point нарацијата* и dream-like атмосферата (звуците посебно се истакнуваа со автентичноста)
така да брзо ми летнаа 30 минути

*заборавив дека оригиналната нарација е на француски... ја гледав англиската верзија и иако сакам филмовиве да ги глеам у ориг. форма, без лоши синхронизации (добро, освен кај кунг-фу жанров, кајшто дури и некој чуден шмек дава и може да биде и плус), гласот на (hey!, it's) Christopher Plummer по мене совршено се вклопи и би рекол ептен редок случај кај што мислам дека не изгубив ништо у доживувањето

7.5
една мање од имдб

овр + аут
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
The Man Who Planted Trees (1987)
Филмчево ме потсети колку многу ги сакам краткометражните анимирани филмови и колку (од не знам си која причина) сум ги заборавила. Многу ми се допадна. И јас ја гледав верзијата со англиска нарација поради тоа што не сакав subtitle-от да ми руши слика, и како што спомна погоре @Vlatko_Gjorce, гласот на Christopher Plummer беше the cherry on the top. Приказната инспиративна и прекрасна - за што се' е способен еден човек и доказ за тоа колку е моќна волјата. А и фактот дека за анимацијата биле потребни 5 години на филмов му дава според мене уште поголема вредност.

8/10

Alone in the Wilderness (2004)

Знаев дека ќе ми биде драг уште кога го прочитав насловот (and I was right). Филмов е визуелен приказ на мојот сон, албум со чудесни (но реални!) слики, прекрасна (и своерачна!) документација на една прекрасна замисла. Дур го гледав, некаде на средина се фатив себеси како гледам со отворена уста и насолзени очи. Толку уживав гледајќи го, што 50 минути ми се видоа малку. Има еден коментар на letterboxd што многу ми се допадна: „Dick Proenneke you absolute son of a bitch. Making us all look lazy.“.
Толку едноставен а совршен.
9.5/10

p.s видов дека филмов има и втор дел, наводно ги документира годините откако ја гради колибата до својата смрт. :)
p.s.s обожувам филмови со тематика човек-природа, so thanks @grande-juve :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
The Man Who Planted Trees (1987)

Филмов ми беше како прочитана приказна. Сосема истиот ефект ќе го имаше и да беше радио драма. Или во форма на сликовница. Тоа околу филмичноста.
Цртежот беше рачно сенчен, секоја поза посебно, што кажува дека многу цртале со оглед и на должината на филмот. Можеби се одлучиле за тој пристап за полесно да ги изведат преодите во цртежите кои ги имаше доста. Ми се допадна како звучните ефекти ја надополнуваа сликата или нараторот, иако на моменти беа и премногу буквални. Приказната со наравоучение и силна порака, позитивна во секој случај, просто наметнува желба да излезеш и да засадиш дрво.
Чисто заради тоа оценка повеќе.

7/10

Alone in the Wilderness (2004)

Ај што човеков сам направи цела куќа за еден месец и тоа само со пила, секира и длето, па и го снимил сето тоа. Добро за снимањето имал помош, не знаеме дали и за куќата. Но како и да е, не го намалува подвигот што го направил. Кај куќата па и цел инвентар внатре и надвор. Па и садови за готвење и чување храна. Просто зачудувачки неверојатно. И останал таму триесетина години на -40 степени зимно време.
И филмот одлично снимен и измонтиран. Сликата со слаб квалитет, не знам дали заради снимката или заради зачуваноста на оригиналниот материјал. Не пречеше на гледањето затоа што приказната влечеше.
Дефинитивно ќе го гледам и вториот дел, успешно ме заинтересира да го проследам понатамошниот дел од неговиот живот.

8/10

п.с. Туку дали овој беше 100-тиот филм во клубот?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.078
Jas go gledav The Sting.

Ne znam zaso sum iznenaden ama mi se dopadna. Duri ne mi smetase toa sablonskoto triler momentce, u stil eden twist za negativecot u filmot i uste eden za gledacot, i iako im ja probiv forata so policijata (ne deka nesto wow) sepak mi bese interesen za gledanje, po vina na glumcite. Ovoj Paul Newman go prai Matthew McConaughey da bide Matthew McConaughey za siromasni. Isto i Redford soliden. Da imase uste edna ubava dama ko so si lici u con filmovi ke bese ekstra. Ili uste malku razvivanje negativecot, od cunny mafiozo od start go napraija шega so ponasanne i akcii. Ipak 4/5.

Zlaten go gledav synecdoche pred da go predlozam samo sto ne mi se filosofirase togas a i ne se razvi diskusija, osven corvus sto me prozva. <3 Pisi mi go normalno 5/5. Nekoj den ke proguglam za sto se rabotelo, dotogas moite depresivni teorii neka ostanat za nekoj dozdliv den. :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
The Miracle Worker 1962
филмот го бирам затоа што го немаат гледано активните во клубот и затоа што многу ми се допадна поради глумата и трпението на жената
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
The Miracle Worker 1962
филмот го бирам затоа што го немаат гледано активните во клубот и затоа што многу ми се допадна поради глумата и трпението на жената
Јас се мислев за него минатиот пат.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Мене до толку не ме воодушеви, пошто имам работено баш со такви деца и ептен ми беше драма, а на кралицата на драмата да и биде нешто драма.... :D
Онака ок.

Сцената кога се вртеа околу маса пола сат, исфорсиран префорсиран лик, како со филмовите за аутизам така и тука, ништо и никој не е навистина таков исто и болестите не се такви како што е прикажано на филм. Јас да ви направам филм спрема искуството мое и се што видов и знам а пред тоа врска немав иако 20000 филмови имам изгледано, interstellar ќе ви биде филм за дечиња. Никој ја нема таа сила ни моќ, ни мајка ни татко, најмалку некој непознат да влезе во светот на некој толку болен, па уште и да биде прифатен. Јас кога почнав да работам со нив исто од филмовите што ги гледав мислев дека сега јас тотален странец ќе успеам да се зближам со нив, на аутистичните да им помогнам да си ги пронајдат талентите па да шетаме после по Вегас и пари да правиме и покрај сите професионалци и дефектолози и логопеди и не знам што кои беа таму, јас најпаметна се мислев. И ништо цела таа приказна заврши само со мисла, никогаш не допрев до никој, ништо не променив и сменив работно место после некое време. Затоа вакви филмови сега после тоа искуство ми се лоши, исто како оние што имале лоши врски и бракови кога гледаат романтични комедии па викаат љубов има само на филм...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Никој ја нема таа сила ни моќ, ни мајка ни татко, најмалку некој непознат да влезе во светот на некој толку болен, па уште и да биде прифатен.
Ти очигледно не си запознаена со придонесите на Хелен Келер кон општеството.
И ако сметаш дека Ен Саливан нема висок придонес, треба моментално да си прочиташ дополнителни информации.
Пошо ти не си успеала ништо да направиш со таквите деца, тоа автоматски значи дека ни го форсираат филмов и туторкава ич не влијаела.
Еден од двата извори на кои е базирано сценариото е самата автобиографија на Хелен Келер.
Но хеј, лажат! И она лаже! Сите лажат! Пумпаат! Овие се првите кликбејтери!
Хоуп знае, она работела со деца со посебни потреби и од нив ништо никогаш нема да биде!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Miracle Worker (1962)

Многу добар и инспиративен филм. Уште една потврда дека со доволно труд и упорност може се да се постигне. Глумата на двата главни лика фантастична. Идната госпоѓа Робинзон одлично ја доловува храбрата и независна девојка од северот, која покрај борбата со девојчето треба да се справи и со стереотипите на југот. Девојчето исто ѕвер.
Сцената во трпезаријата кога ја учеше да јаде е мало ремек дело. Смели долги кадри, ниски ракурси, не само во таа сцена туку и низ целиот филм, особено кога имаше конфликти.

8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom