"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно сум го пишал некогаш во темава ама..

Валери Божинов

како бе овој има 33 години? :eek::eek::eek::eek:

2 години е помлад од Торес :eek::eek:

Од 2010 наваму:

Од Сити во Парма

од Парма во Спортинг Лисабон

каде оди на позајмица во:

Лече

Верона

Виченца

Па оди во Левски

Па оди во Тернана

Па оди во Партизан

Па во кинески тим некој си

Па во Лозана

Па во Ријека

Па во Ботев

Па во Левски

И сега е пак во Ботев

:eek::eek::eek::eek::eek:

1572384171570.png
 
48320000_783314948681948_1319197852051701760_n.jpg
 
Конопјанка.
Се палевме сите по него пред неколку сезони, сега влегува во 90та минута за Шахтјар.
Не е заборавен овој не заебавај, за квалификациите сега изигра перфектно, а и Шахтјор не е некоја еби ветер екипа, добро не е ни првенството толку актуелно па можеби затоа така изгледа.
 
Јован Кировски

Не дека беше некој фактор во фудбалот ама подзаборавив дека имавме „наш човек“ во репрезентацијата на САД. Вчера гледав на YT интересен клип за „најлоши играчи што ја освоиле ЛШ“ и овој беше на второ место. Не знаев дека освоил ЛШ со Дортмунд во 1997. За сега е единствен Американец со титула во ЛШ. Сега е технички директор на ЛА Галакси и според Википедија бил најзаслужен за трансферот на Златан.
 
matt.jpgmatt1.jpg

За љубителите на Чемпионшип/Фудбал Менаџер, сигурно ова име е доста познато.
Мет Дербишајр (Matt Derbyshire)
Своевремено кога беше надежна ѕвезда ги одби Манчестер за да направи трансфер во тимот за кој навивал од мал - Блекбурн.
Патем, сеуште игра фудбал. Настапува за Омонија во Кипар и ја има најдобрата сезона откако игра. Прв пат со двоцифрен број на голови во една сезона.
 
Јован Кировски

Не дека беше некој фактор во фудбалот ама подзаборавив дека имавме „наш човек“ во репрезентацијата на САД. Вчера гледав на YT интересен клип за „најлоши играчи што ја освоиле ЛШ“ и овој беше на второ место. Не знаев дека освоил ЛШ со Дортмунд во 1997. За сега е единствен Американец со титула во ЛШ. Сега е технички директор на ЛА Галакси и според Википедија бил најзаслужен за трансферот на Златан.
Кога беше суперкупот во Скопје имаше на сајтот на Манчестер опширно интервју со него и викаше нешто во стил дека родителите многу му се мешале во кариерата, тогаш на балканот војни имало бла бла па да не шетал со фудбалот, да не му се случело нешто... Накратко стандард slavic parents лошо влијание :D
 
Алексис Санчез ... Припаѓа овде, или здравје другата година ќе треба да го пишам?
 
:eek: :eek: :eek: :eek:

Фудбалскиот Џони Деп. Проблематичен тип, кој имаше квалитет за да направи многу подобра кариера. Посебно додека играше во Рома беше ѕвер.
 
:eek: :eek: :eek: :eek:

Фудбалскиот Џони Деп. Проблематичен тип, кој имаше квалитет за да направи многу подобра кариера. Посебно додека играше во Рома беше ѕвер.

Освалдо колку што памтам се откажа од фудбалот за да прави музичка кариера. Читав дека има рок бенд и добро му оди. Ама изгледа не било баш така па се враќа на терен. Или па пак го фатило мерак за фудбал. :)
 
Му недостигал фудбалот :) Си прај ќеф со милионите кои ги има ни му јачи ни му плачи :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom