"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Можи е спомнат претходно на темата, Јаник Боласи, играчиште беше дури играше во Палас, кичмите им ги кршеше на дефанзивците, сега гледам на позајмица бил во Спортинг, појма немав дека е таму.
Боласи скина лигаменти во Евертон и го немаше година дена, секако дека и тоа си зеде данок, но првично бил жонглер, продавал улични трикови со топка па решил да тера фудбал посериозно, сам го има изјавено ова. Во превод, освен триковите 1 на 1 и брзината, не беше нешто посебно.
 
Не ја прочитав цела тема, послдените 10тина страници, може и бил спомнат претходно. Ако не е голем грев.

Диего Милито

Две сезони партали направи со Интер, им донесе ЛШ, 2 гола им збрца на Баерн во финале и го снема после човекот од фубдалската мапа.
 
Да не ти е стара мапата??:pos:

После ти мош си престанал да гледаш Сериа А или па тогаш Телма престана да ги откупува правата за пренос на Сериа :D , пошо Милито по двата гола на Баерн играше за Интер уште 3 сезони и даде преку 40 гола:icon_lol:
 
Така пишав, знам инаку, за Интер навивам, ама од тогаш ништо не освоија, затоа така се изразив. Како и да е, како што дојде во светот на фудбалот, така и си замина, барем ја таков впечаток имам. За мене и навивачите на Интер од тој период секако е херој, за сиот останат фудбалски свет веројатно веќе бледнее од сеќавањата и им треба време да се сетат кој беше човекот :)
 
Боласи скина лигаменти во Евертон и го немаше година дена, секако дека и тоа си зеде данок, но првично бил жонглер, продавал улични трикови со топка па решил да тера фудбал посериозно, сам го има изјавено ова. Во превод, освен триковите 1 на 1 и брзината, не беше нешто посебно.

Mи излезе пред некој ден на страната на ПЛ. Играше во страшна форма тоа време, повредата го уништи начисто, гледам у Спортинг бил, пуштив Бруно да го гледам, не ми се веруваше каде завршил.

Овој па коментаторов на почеток вика да се бркало гол разлика...

Боласи скина лигаменти во Евертон и го немаше година дена, секако дека и тоа си зеде данок, но првично бил жонглер, продавал улични трикови со топка па решил да тера фудбал посериозно, сам го има изјавено ова. Во превод, освен триковите 1 на 1 и брзината, не беше нешто посебно.
Екс тренерот на Пелистер и Победа, Крстески, има играно во ист тим со Боласие, кога овај бил 18 години.
За некој клуб од Малта се работи, нашиов бил капитен а овај златна резерва. Некогаш прв тим, некогаш резерва, во малтешка лига.
Го викнал на вечера капитенот, и буквално немал прибор за јадење. Со раце му турал шпагети и со раце јаделе. Се двоумел дали да остани во Малта уште малце или да појди во франција да работи нешто сосем трето. Уште 2-3 месеци ќе пробам овде, па ако нне биди одам за Франција, ептен тешко и скапо ми е овде.

Ама.... направи пари.
 
Не ме чуди, дете на избеглици е. Само имал среќа да расте во општества кои даваат шанси како Франција и UK и си искористил.
 
Не е заборавен, ама е еден од плејада на играчи со премногу талент, а малку воља за тренинг. Мислев дека ке направи подобра кариера од Роналдо, со оглед на тоа дека беше далеку поталентиран играч.

Стивен Нејсмит, едно албино центарфор од Евертон, окретен, снаодлив во 16м, на Челзи им наби совршен хет-трик сега играл во Хартс :popce: ?
 
Абе каде е Синама Понгол? Го снема.

Сега проверив, играл во еден куп клубови. Се пензионирал лани во некој клуб Saint-Pierroise во Reunion Premier League (лига на француските прекуморски колонии).
 
Незнам дали е спомнат тука Nicklas Bendtner,физички силен и талентиран Венгер му веруваше иако имаше 20 години,имаше две/три солидни сезони во Арсенал но не испадна играчиште од него.Играше за Арсенал,Јуве и Волфсбург и не го следеа сериозни повреди но поради слабото залагање отиде во заборавените.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom