Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ако имаш каско ќе ти покрие осигурањето, ако не пријави си во полиција
Ај објасни му добро шо значи каско и фамозните франшизи :

каско со франшиза од 500 евра, значи каското ти покрива штета над 500 евра.
каско со франшиза од 100 евра, значи каското ти покрива штета над 100 евра.

Шо значи, ако ти е возилото оштетено за 250 евра (лупам на памет), а имаш франшиза од 500 евра, никому ништо, ќе си го попрајш сам.
Ако ти е возилото оштетено за 250 евра, а имаш франшиза од 100 евра, 150 евра ќе ти покрие каското, 100 евра ќе си платиш од џеб.

така да каско за мали оштетувања на возилото, не е нити препорачливо, нити исплатливо.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
така е... каското има одредени лимити. и се препорачува само за ново возило купено, во периодот додека го исплакаш на рати... ако убаво го излупаш, ако ти го украдат и слично, да имаш со што да се покриеш и да доплатиш за него разликата... или сеедно, ако со го купил за кеш, каското е добро за да ако му се слуши нешто од наброените работи, да ти биде исплатено вредноста негова актуелна...

младински од друга страна, викањето на полиција се наплаќа. ке ти земат 300 евра за да дојдат и направат записник. полицијата не е веке бесплатна увиѓајна екипа, туку се наплака. нај убаво е да се појде во осигурителната компанија и со нив да се диксутир и праша што и како да се постапи.
п.с. провери дали онаму кај што ти била паркирана колата има можеби покривање некакво од некоја камера за обезбедување. јас токму заради ова нај често ја паркирам колата пред една обложувалница... покриено е со камери на 7 метри околу целиот објект...
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
браво... во 80% од хидрауличните пумпи за кумплунг, подразбира дека пумпата е во звоното од мењачот... тоа подразбира, демонтирање на држачи од мотор, и вадење на звоното... исто како ламела да мењаш... можеш тоа сам да го направиш? мали пари? хахаха
Никаде не спомнав дека може сам да го направиш, сепак поевтино е да се сменат гумици на старата пумпа одколку да се стави нова пумпа

--- надополнето ---

А ако е во ѕвоното на мењачот како ке ја сервисира за мали пари? Како знаеш каква е пумпата па си 100% сигурен дека може да ја сервисираш а не нова да се стави?
Зависи од типот и состојбата на пумпата дали може да се сервисира или не, повеќето хидраулучни пумпи се сервисираат им се мењаат потрошни делови гумици итн.Ако сите мењаа така лесно пумпи......
Како што напомена Кико пумпата му пушта глицерин само кога е ладно и не напомена дека пумпата не му работи, повторувам- само му пушта глицерин а што друго може да биде ако не гумици, семеринзи, или било какви заптивки, природата на гумата е таква на ладно се собира и не `држи`, и сепак поевтино е да се сервисира него да се мења !
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Никаде не спомнав дека може сам да го направиш, сепак поевтино е да се сменат гумици на старата пумпа одколку да се стави нова пумпа

--- надополнето ---

Зависи од типот и состојбата на пумпата дали може да се сервисира или не, повеќето хидраулучни пумпи се сервисираат им се мењаат потрошни делови гумици итн.Ако сите мењаа така лесно пумпи......
Како што напомена Кико пумпата му пушта глицерин само кога е ладно и не напомена дека пумпата не му работи, повторувам- само му пушта глицерин а што друго може да биде ако не гумици, семеринзи, или било какви заптивки, природата на гумата е таква на ладно се собира и не `држи`, и сепак поевтино е да се сервисира него да се мења !
Поевтино да се сервисира ??? Не би рекол.....Кај него поголемиот проблем е работната рака.Никој не може да ти даде гаранција за гумиците дека ке држат ,а ако пуштат пак ке му излезе ѓавол и пол поевтинава варијанта.Затоа нова пумпа и не само да биде нова него и да биде оригинал а не некоја шкарт копија.Друг моабет е пумпата да му биде на дофат па да рескира со промена на гумици ,вака...
И многу важно ,каков глицерин ,обично од тука доаѓаат сите вакви проблеми.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Никаде не спомнав дека може сам да го направиш, сепак поевтино е да се сменат гумици на старата пумпа одколку да се стави нова пумпа

--- надополнето ---

Зависи од типот и состојбата на пумпата дали може да се сервисира или не, повеќето хидраулучни пумпи се сервисираат им се мењаат потрошни делови гумици итн.Ако сите мењаа така лесно пумпи......
Како што напомена Кико пумпата му пушта глицерин само кога е ладно и не напомена дека пумпата не му работи, повторувам- само му пушта глицерин а што друго може да биде ако не гумици, семеринзи, или било какви заптивки, природата на гумата е таква на ладно се собира и не `држи`, и сепак поевтино е да се сервисира него да се мења !
Јас мислам дека е до гумиците на пумпата, на ниска температура гумата се укрутува(се собира) и нема доволно духтување, а ова мајсториве што ти викаат нова пумпа (стандард механичарки трик), само на старата ке и сменат гумици и ке ти речат нова пумпа ставиле и сигурно во твое присуство нема да работат,така да.....ќар невиден
Ако си свесен за мали пари ке ја направиш, хидраулична пумпа така лесно не откажува
значи ти кажа баш така, ама нема везе... и не заглибувај понатака дека е по практично да се мењаат гумици одколку пумпата... секоја промена на гумици на клиповите, подразбира шанси 50-50 дека ке протече одма, или во рок од 5 дена... ако тоа го издржи тогаш скоро 100% сум сигурен дека ке протече за МАКСИМУМ 3-4 месеци или ке прими воздух за истиот тој период.. како и да е нема да работи и ке има проблеми. ова е милион пати докажано и проверено во пракса. прокапувањето од гумици на глицеринска пумпа не е само потрошени гумици.. уствари и нај често не е потрошена гумица, туку зарез или каналче во каналот кај што иде клипот напред назад. со нова гумица само привремено и краткотрајно го отстрануваш дефектот, со секое мењање гумици тој рок на решавање се смалува...

мењање гумици е квзи решење кое е неприфатливо во круговите на автомобилизам, зашто немаат време лугето да се ебаваат со мењање гумици. ај размисли дека ако некој ти понуди решење за поправање на пумпа и ти наплати работна рака како за мењање потисна и ламела (вадење мењач надвор па враќање) а при тоа шансите да се расипе другиот ден се 50-50 дали би прифатил? треба да си луд...
 
^ Ghost Rider ^

Biker Boy
Член од
27 октомври 2008
Мислења
372
Поени од реакции
8
да си прашам шо е работата што не работи задниот бришач за стакло,имам Golf III
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
да си прашам шо е работата што не работи задниот бришач за стакло,имам Golf III
1) Електромоторчето за бришачот
2) Осигурач (мада овој сигурно е поврзан со други елементи)
3) Кабел (прекин некој, контакт...)
4) Прекидачот на таблата (тастер)

Едно од овие сигурно е ;)
Мојата претпоставка е 1 или 4...
2 сигурно повеќе работи немаше да ти работат
3 мала веројатност освен ако некој нешто не направил глупост
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Ај објасни му добро шо значи каско и фамозните франшизи :

каско со франшиза од 500 евра, значи каското ти покрива штета над 500 евра.
каско со франшиза од 100 евра, значи каското ти покрива штета над 100 евра.

Шо значи, ако ти е возилото оштетено за 250 евра (лупам на памет), а имаш франшиза од 500 евра, никому ништо, ќе си го попрајш сам.
Ако ти е возилото оштетено за 250 евра, а имаш франшиза од 100 евра, 150 евра ќе ти покрие каското, 100 евра ќе си платиш од џеб.

така да каско за мали оштетувања на возилото, не е нити препорачливо, нити исплатливо.
Дечкото праша осигурањето дали покрива таква штета и му одговорив какво осигурање би му покрило, а дали он ќе реши да го активира каското е апсолутно до него.. Има луѓе доаѓаат и за ситни штети, нивна си е математиката.. А има и разни пакети, има одредени оштетувања што не подлежат под франшиза.. Нека си се распраша во компанијата за најсигурно :)
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
значи ти кажа баш така, ама нема везе... и не заглибувај понатака дека е по практично да се мењаат гумици одколку пумпата... секоја промена на гумици на клиповите, подразбира шанси 50-50 дека ке протече одма, или во рок од 5 дена... ако тоа го издржи тогаш скоро 100% сум сигурен дека ке протече за МАКСИМУМ 3-4 месеци или ке прими воздух за истиот тој период.. како и да е нема да работи и ке има проблеми. ова е милион пати докажано и проверено во пракса. прокапувањето од гумици на глицеринска пумпа не е само потрошени гумици.. уствари и нај често не е потрошена гумица, туку зарез или каналче во каналот кај што иде клипот напред назад. со нова гумица само привремено и краткотрајно го отстрануваш дефектот, со секое мењање гумици тој рок на решавање се смалува...

мењање гумици е квзи решење кое е неприфатливо во круговите на автомобилизам, зашто немаат време лугето да се ебаваат со мењање гумици. ај размисли дека ако некој ти понуди решење за поправање на пумпа и ти наплати работна рака како за мењање потисна и ламела (вадење мењач надвор па враќање) а при тоа шансите да се расипе другиот ден се 50-50 дали би прифатил? треба да си луд...
Добро си го враќам зборот, тоа беше мое мислење сепак има и други што разбираат повеќе од мене
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Добро си го враќам зборот, тоа беше мое мислење сепак има и други што разбираат повеќе од мене
Не треба да си го враќаш зборот...

како прво на 90% од возилата, хидрауличната пумпа е надвор од ѕвоното. Некој бил паметен, размислил дека пумпата може да заебава. Сеа шо Онак не начекал возило со таков систем шо да му прајме ние?

Друго, гумичката може да е дотраена, но тоа не е пресудно за исправноста на пумпата. Се зависи од тоа во каква состојба е клипот и цилиндарот т.е. колку е цилиндарот оштетен. Во најголем дел поради дотраеност (или користење несоодветна течност сеедно) цилиндарот е оштетен, па со менување на гумичка нема да го решиш проблемот. Но, ако пумпата е надвор, гумичката е 50 денари, менувањето на гумичка е 300 денари работна рака, а цела пумпа е 100 евра... ќе пробам барем два пати дали ќе го решам проблемот со гумичка. Тек после ќе дам 100 еврони за цела пумпа.

Некогаш не гледаме шо е попрактично, гледаме шо е поефтино и поисплатливо.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
и јас исто... погоре задискутиравме за пумпа во звоно па дадов пример... инаку, сепак, иако се разбирам доста во автомобили и мењање гумици ми е пичкин дим, јас не мењам гумици... јас менувам пумпа. дури и клипче на тркало за кочница... ако ми протече гумица го мењам цело клипче-пумпиче... џиш, гумици за 50 денари нема.. може една да е толку... еве пример, за пикапот ми требаа 4 гумици за во клипчето на задно десно тркало. цел сет го даваа за 180 денари, а клипчето ново е 750... јас ја одбрав последнав варијанта... што мислиш зашто? вади тркало, вади добош, вади гуртни, мењај гумици, па се врати назад и повикај пријател на помош за испуптање воздух, да ти друка на педала... и да ми протече за 5 дена пак, ке земам и ке си пукам у сред чело... немам ни време ни нерви да го праам едно те исто двапати... вака сум сигурен дека следниве 5 години ке немам проблем со тоа клипче...:tapp:
 
Е овде веќе е неисплатливо да се заебаваш, разликата е мала во споредба со губење на време/нерви... мада од друга страна гледано, тоа што си го купил и монтирал 90% е со фалшив квалитет... можно е старото да го отвориш да му смениш гумичка и да те вози 3 пати повеќе од новото.

Инаку толку се гумичките, една е 20-50 денари, ако требаат 4 од 150-200 денари е цената за сите комплет. Во битола Шплентата (го знај Волкси) ги менува, а ако ти ја репарира пумпата дава и гаранција 1 година (нормално ако е се арно натре, ако се изедени делојте ќе ти ја дај и ќе те упати да си купиш нова). Така да не гледам зошто да не пробам со менвање гумичка на пумпа за кумплуг.

Добошите се поголем секс... ретко кој е нафаќа да чачка во нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom