Јас можам за мене да си кажам: обично кога ќе излезе некој нов филм на торент, проверувам за што се работи, како сте го оцениле вие од Кајгана, ако веќе сте го гледале, како е оценет на LB, IMDB... (трејлери не гледам, а кратките описи се обидувам колку можам да ги прескокнувам). Исто, многу ми е важно и кој е режисерот и актерската екипа. И ако ми фати око, ги симнувам, а остануваат негледани додека не им дојде ред. Но во секој случај, заради ваквата навика гледам многу повеќе нови филмови во споредба со стари. Така, една година, не се сеќавам која точно, мислам 2017 беше имав изгледано дури 148 филма излезени таа година. Веројатно ни една четвртина од тие не биле ни приближно добри како еден куп стари филмови кои не сум ги ни ѕирнал и останале неизгледани. Затоа се трудам понекогаш да најдам некои вакви листи и да гледам некои филмови на кои нема да ми текне инаку.Што е она што не` кочи да ги гледаме само најдобрите филмови според некои листи?
Дали само сакаме да гледаме нешто што е ново, нешто што сметаме дека ќе ни се допадне, нешто што е хајпнато... зошто не запреме и не ги гледаме најдобрите филмови според критичари, според обични гласови на IMDB...






