Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Здраво дечки.... е вака.........Имам еден (се надевам) мал проблем, На колата на десната страна зад вратата ми има маалце фатено корозија, значи колку еден прст, кога и да ја чистам, ми паѓа во очи и неможам онака да го гледам, е сега ќе ве прашам, што би било најдобро да и направам, да истружам прво, па после да премачкам со што? Еве да прашам кај поискусните....Се надевам ќе ми помогните....Фала...:smir:

Еве и слика од тоа :
http://yfrog.com/b8photo0675cj
у машала... фино дупче... ова е прво удрено пред некое време (година две) и не санирано. после корозијата зафака поголем дел од металот и се шири под бојата, затоа и е онака подкожурено целото. вака сега...

ако немаш искуство со средување лимарија, подобро појди кај мајстор нека го среди ова. нај евтино решење ке ти биде да го искитира со алумински кит, за да не фарбаш, ионака ке се познава ако офарбаш само една мала површина. треба целото ова да се иструга, до гол метал. да не се лажеш дека е големо само толку колку што се гледа. тоа е минимум уште една третина поголемо, само не се гледа. ако не се среди тоа ке се шири и понатака...
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Баш треба да се иструга како што е сликано. До таму мислам дека ќе биде доволно.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Баш треба да се иструга како што е сликано. До таму мислам дека ќе биде доволно.
неможеш да знаеш. во 90% од случаевите, има корозија и под мазната боја. треба да се струга и полека да се шири, зашто ионака треба да се тура кит на здраво и рамно да се дополни колку што фали од бојата и металот кородиран. а онакво какво што е, во себе држи влага доста долго...
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
А од прилика колку ќе земи значи за се, да го направи ТОП?.......оти од цела кола само то ми е рѓосано, незнам од што може да биди....
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Гледам на форумов ве има доста што се разбираат и имаат искуства и пракса во врска со автомобилизмот, па решив да ве прашам за совет или некое искуство евентуално во врска со овој модел.
Сакам да земам Опел Вектра Б модел претендирам Дизел, па ме интересира ваше по стручно мислење во врска со колава, совет или некое искуство со неа, дали вреди за тие пари, како се покажаа и дали се погодени како модели, дали се квалитетни дизел моторите што се вградуваат во овој модел, кој дизел мотор е подобар (1,7TD, 2,0 DI или 2,0 TDI). Последниов мотор мислам дека е опелов, првите два се Isuzu, ако не грешам.
Имам читано дека VP44 бош пумпата што се вградува во Isuzu моторите не била нешто баш квалитетна...., а па Опеловите дизели се понеквалитетни од Isuzu. :S
Доколку е лош избор количево што би предложиле околу оваа цена т.е. нешто квалитетно и економично??
 
Јас ја имам со 1.7 ...... Засеа сум немал ама баш никакви проблеми.......топ мие.... освен то погоре шо ми рѓоса мал дел...ама ќе го средам за брзо....
 
Прв газда и си? Колки има поминато?
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Прв газда и си? Колки има поминато?
Втор......ја зедов од Скопје со 45.000 км.... Сеа имам 132.000км........Зачуван мотор и се топ........На зима кога ја палам, го оставам еднаш грејачот да помини - стандардно и пали супер без никакви заебавања....Ама сепак зависи како е чувана ако земаш сега ќе си ја разгледаш.......
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
у машала... фино дупче... ова е прво удрено пред некое време (година две) и не санирано. после корозијата зафака поголем дел од металот и се шири под бојата, затоа и е онака подкожурено целото. вака сега...

ако немаш искуство со средување лимарија, подобро појди кај мајстор нека го среди ова. нај евтино решење ке ти биде да го искитира со алумински кит, за да не фарбаш, ионака ке се познава ако офарбаш само една мала површина. треба целото ова да се иструга, до гол метал. да не се лажеш дека е големо само толку колку што се гледа. тоа е минимум уште една третина поголемо, само не се гледа. ако не се среди тоа ке се шири и понатака...
Да се надополнам тука може и ке треба да се завари кога ке се струга ке се отвори дупче бидејки баѓи покажано :D
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Да се надополнам тука може и ке треба да се завари кога ке се струга ке се отвори дупче бидејки баѓи покажано :D
Закаснав со превенцијата а????? Знаев...ц ц ц
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
И јас имам корса со 1.7 дизел мотор, истиот се вградува и кај вектра астра од постарите модели ... исузу е и тие мотори се ептен добри, многу подобри од новиве опелови дизелаши, на мојава сме први газди со 54.000 км поминато
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Закаснав со превенцијата а????? Знаев...ц ц ц
Не е страшно се средува се всушност интервенцијата стругањето и заварувањето не скапо. Скапо е фарбањето тоа највеќе пари влече како и да е оди средувај ја брзо зошто зимоска корозијата се убрзува поради солта која се фрла по патиштата.
 
_master

*Big Barsa Fan*
Член од
15 август 2007
Мислења
535
Поени од реакции
18
И јас имам корса со 1.7 дизел мотор, истиот се вградува и кај вектра астра од постарите модели ... исузу е и тие мотори се ептен добри, многу подобри од новиве опелови дизелаши, на мојава сме први газди со 54.000 км поминато
Кога ке поминеш 200000 км со неа тогаш фали ја тие мотори немаат врска.Лично осетив на моја кожа Вектра 1.7д ја купивме на 160000 за 20000 и ојде турбина па не знам карики да се мењат ова она и одма ја продадвме.Твојата уште не и е ни разработен моторот.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Гледам на форумов ве има доста што се разбираат и имаат искуства и пракса во врска со автомобилизмот, па решив да ве прашам за совет или некое искуство евентуално во врска со овој модел.
Сакам да земам Опел Вектра Б модел претендирам Дизел, па ме интересира ваше по стручно мислење во врска со колава, совет или некое искуство со неа, дали вреди за тие пари, како се покажаа и дали се погодени како модели, дали се квалитетни дизел моторите што се вградуваат во овој модел, кој дизел мотор е подобар (1,7TD, 2,0 DI или 2,0 TDI). Последниов мотор мислам дека е опелов, првите два се Isuzu, ако не грешам.
Имам читано дека VP44 бош пумпата што се вградува во Isuzu моторите не била нешто баш квалитетна...., а па Опеловите дизели се понеквалитетни од Isuzu. :S
Доколку е лош избор количево што би предложиле околу оваа цена т.е. нешто квалитетно и економично??
И јас сум во вечна дилема за ова. Имам слушнато 1 000 000 муабети. Едни викаат ако купуваш Опел дизел да биди Исузу оти Опеловите не биле квалитетни. Во 2002 година кога беше првиот бран на увоз од Германија, комшијата си купи Вектра 2.0DI (не знам колку км) и по едно 3000-4000км возење му се зезна бош пумпата. Тогаш беа релативно нови модели и замена за бош пумпа со работна рака го фати 2000 евра.

Други пак, ми кажуваа како се зафркнаа што зедоа Исузу дизел Опел Корса, дека не се исплаќало, окапале по мајстори и сл.

Така што искрено не знам. Изгледа испаѓа како ќе ти се погоди ;) За бензинците знам дека се коска. Немаат смрт, ама за дизел, не ме држи за збор. Сепак кога ќе ја купуваш оди на сервис да ти ја проверат пред да ги спружиш парите. Барем ќе знаеш што точно се случува внатре во моторот. Сепак очекувај за брзо време да ти откажат елементи како алтернатори, ладњаци и сл. Викендов баш разговарав со еден увозник. Ме советуваше да не земам коли од плац во Словенија туку од луѓе што ги возат, баш заради тоа што стоеле долго време и повеќе проблеми прават од што не се возени.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Да се надополнам тука може и ке треба да се завари кога ке се струга ке се отвори дупче бидејки баѓи покажано :D
ако се искитира со алумински кит, нема потреба да се заварува... ама треба да се очисти цела корозија убаво... а ако и од внатре се отвори, тогаш треба и од внатре да се исчисти убаво...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom