Имам Фиат Пунто 1.2 16v ELX 59kW, 2000 година.
Пред неколку месеци почна да ми работи чудно. Фабрички треба да работи на 7.5 (на обртометарот), а мене ми варира тоа. Кога ќе ја стартувам паѓа до 5, па пак ќе се качи кога ќе и дадам гас и пак паѓа до 5. Се случува некогаш и да ми угаси ако не и дадам гас. После некое време се стабилизира. И во место кога работи кога ќе се стабилизира супер работи, ама некогаш по малце ми тресе. Во вожња немам никаков проблем супер си работи. И имам правено редовно сервис. Може ли да ми каже некој што би можело да биде. Ја имам уклучувано на компјутер за проверка и јави повеќе грешки - дека работела на 3 клипа (некогаш не работел првиот, некогаш вториот, некогаш третиот, а некогаш четвртиот клип), дека имало проблем со ламбда сондата итн. кога ги избришавме грешките после веќе ништо не покажа.
Кажувајте дечки ако некој знае што би можело да биде. Фала
не кажа дали ти е на плин? а и не е битно тоа многу...
2 причини за ова може да бидат...
првата е како што ти посочи корки, лептирот за лер гас, кој уствари кај нас е популарен како електронски саух... меѓутоа пошто ти варира гасот цело време горе-доле, не да стои фиксно на ниски обртаи, а и кога ти стои, тоа е само на ладен мотор,повеке би рекол дека е
втората работа, а тоа е палењето компјутерот го мрда цело време, барајки ја изгубената точка на палење т.е. идеалната точка на согорување на горивото. значи од тука може да тргнеме со уште две подпричини а тоа се:
-ланда сонда, на ауспухот што е после катализаторот, таа е отидена и веројатно колата почнала да ти троши многу
-или возиш на плин, иди на плинар да ти го репрограмира плинот.
значи вкупно,можни се 3 дефекти...
ако е електронскиот саух, може да се проба да се исчисти со WD 40 или 80... на запален мотор, со кренати нај малку 3000 обртаи се шприца на усисот со спреј и почињаш да го затвараш и пушташ цревото од усисот со прст, неколку пати, па пак и така едно 10-15 пати. ако тоа не успее тогаш треба нов... а не е евтин... нај убаво да идеш на сервис-локал мајстор ова да го направи. он и ке ти дијагностицира дали е или не саухот.
ако е ланда сонда, нова... не е ни таа ефтина, ама тоа е тоа... евентуалноод некое слупано пунто-расходовано, да ја купиш какополовна ландата ама тоа е мачка у вреќа... јас не би го правел тоа...
тето знаеш... плинар на компјутер да закачи и да штелова...