читајки те погоре, прочитав дека ти е за пентарење по планина. за таа работа ладава е створена. она што треба да ти кажам по сликиве, е дека нај веројатно е лупната па поправана, а можда е и само крпена па фарбана... никој не фарба лада нива од кеиф за бојата.
второ, шалт таблата е извитоперена од сонце, тоа е фалинки кај поевекето лади што се чувани на сонце. 3000 денари
трето, амортизерите на гепекот ги има и двата ама се истушени, затоа со даска ги потпрел, 1200 денари
четврто, гумите што ги гледам, се бааги келавица, и не се теренски гуми туку се за на асвалт. од 12.000 до 18.000 за нови гуми
петто, пишува дека е со плин ама не пишува дека е атестиран. бидејки е со
карбуратор (injection)

тоа ке те чини 30.000
шесто, за километражата, да не се секираш, овие мотори тераат и до 400.000 ако правилно се одржуваат и не се грбачат со преголеми обртаи, ама затоа дифернцијалите и мењачите им се промашени и си сакаат детална пажња и редовна инаку лесно зарибуваат..
седмо и последно, ладава не вреди за тиа пари, па таман и моторот да му е стакло... реална цена е околу 1700 до 2100 евра... никако 2950 евра...
за тие пари, боље купи сузуки самураи и ке имаш фенси возило-теренец... или ако сакаш да бидеш уште по голема манга почепкај низ пазар 3 ке најдеш кампањоли од мерцедес или од ленд ровер или било кој СТАР ЏИП кој буквално нема смрт по терени... една интересна фарба-боја некоја (инвестиција 200-300 евра) и ке бидеш шизик со кампањола која може да се качи онаму кај што магаре неможе да иде.... можеш да го вртиш како центирифуга по некој дол и пак на тркала да го ставиш, да запалиш и да си идеш...