Ова како да речеш земи телефон од 2000ден не ти треба самсунг или слично, или земи Форд Ескорт од 95та што ќе ти пасат од 2015та. Се работи за функции, комодитет, мода, инспирација, мотивација и слично. Пример јас пливам и на отворено и гледам статистика брзина, далечина, нема ваљда со телефонот да пливам. Возам точак има интегрирани Страва сегменти и нотификации во реално време и други детали. Правиш тренинг планови или симнуваш веќе готови ги ставаш во саатот и следиш во реално време, со Гарминот ти одат бесплатно, ГПС апликациите за телефон овие опции ги наплаќаат, Страва е 60$ годишно, другите слично.