ГраТски сељачизам виден во еден миг;
Чекам на семафор на Партизанска кај градежен, до мене семејство од мајка, татко и дете од 3-4 годинки со точаче. Таткото и детенцето поминуваат на црвено во еден кас, дур мајката го чува точачето. Секунда после преминувањето на другата страна, прошишува кола со 80 на саат со дограден спојлер, а на самата средина до жардињерите вдолж булеварот, еден бициклист без шлем. Мажот и детенцето испуштаат неартикулирани крици, као “вау човече, ова за малце беше“.
Кои копита изникнуваат во нашево поднебје, се` уште не ми е јасно. И не сакам да ми биде.