- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Штотуку одбив коруптивна понуда која што наводно требаше да ми го направи животот подобар. Ме натера да размислувам за моето домашно воспитување и принципите кои што сум ги градел до сега во животот. Во еден претходен пост реков дека моите принципи не кореспондираат со времето во кое што живеам. Дали некогаш воопшто постоеле времиња каде што принципите на чесно живеење навистина се ценеле или јас сум само наивна будала која што верува во чесност, достоинство, труд...? Навистина, до сега ништо од ова не ми се исплати, животот ме шамара, реалноста во која што живееме ми се удира од глава. Веројатно гледам романтичарски према животот. Збор што најмногу го мразам деновиве е "снаоѓање". Што по ѓаволите се подразбира под тоа? Се снајде се вработи партиски, се снајде го положи испитот со препишување...па мене на факултет никад не ме бидувало за препишување. Еднаш скоро ме слекоа гол барајќи непостоечко ливче, бубица...а тој на трет ред, можев да ја слушнам мајка му како му чита од дома додека тој го "полагаше" испитот. Ваљда се снајде човекот. Е сега не знам колку му се најде во животот таа кензијанска теорија, дали некој го праша за неа, оти јас уште чекам некој да ме праша за да ми се најде во животот, за да нели, да не мора да се "снаоѓам"