Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Море само некој ваков тренер да ни најдат па ќе видиш како ќе проиграат.
:pos:
Од 12 секунда тоа на Перез се однесува.
 
Абе Валверде се нервираше, ама негова е кривицава што после презимање на водство се повлекуваме. Ништо не учи човекот очигледно од овие утакмици, милион пати пресликана утакмица на гостински терен под негово водство.
 
Е тоа, после 2:1 дозволуваат Осасуна да ги напика во шише. Со Пеп противникот со топка не се составуваше во една таква ситуација.

Малце дебилно е ова што го прави со Ракитиќ. Де Јонг, Артур и Ракитиќ ќе ни биде убедливо најдобра 3ка на средина. Роберто везе си нема и мислам после денешнава партија нема што веќе да бара на средина.
И не може бе да ми ги игра Бускетс и Де Јонг заедно алоооооооо.
 
Ебате тренерот , те тера да чекаш цела сезона да помине само за да го избркаат.
 
Очигледно е дека Валверде незнае кај тера,Де јонг лево полушпиц горе,Гризман 9-ка,Рафиња прв пат и тој лево,никој не си ја знаеше својата улога како раштиман оркестар беа.Мене не ме загрижува Барса извадила реми или изгубила,смешниот пенал на Пике или било што,мене ме загрижува играта,а играта воопшто не е како што треба,3-та сезона Луѓе Валверде е истиот,изгубен е,(Некои имаат изгубено и желба да ја гледаат Барса заради ликов).Пак треба да плукаме по ростерот НЕ,ростерот е богат со многу тактички варијанти/формации,изминативе две сезони Меси и Тер штеген го вадеа Валверде од калта,ама сега кога МЕси неигра плус непогодени позициите на играчите,уште повеќе,следува доста тежок распоред,со вакво млитаво,дезориентирано играње како ќе поминиме групни фази,ви кажувам уште од сега,Дортмунд е доста незгоден противник,зависи како ќе ги погодиш,можи 2-3 да му дадеш,а можи и четири да примиш,Интер исто баш тие тимови кои играат 3-5-2,се најнезгодни за Барса со овај тренер,плус и дека притискаат доста високо.Од друга страна да речиме дека Валверде ќе си оди,сред сезона,кој би бил тренер,некои кажуваат дека Виктор Валдес доста добро се покажал,па дали Бартомеу,ќе превземи таков ризик да го назначи него,или некој друг каде што нема мн опции и избор (Плус со Европско на Хоризонт)
 
Од Валверде никој не може да биде полош,едноставно ликот незнае кај се наоѓа,на утакмица само ќути и гледа несмее на никој ништо да му пререче.
Поставата стандард си тера исто,главно се води спрема тоа како ќе му кажат другите.
Ни една акција не видовме за овие 3 натпревари,никаква воиграност,жар,борба се се сведува на индивидуалните квалитети на играчите,ако нарават нешто добро ако не курац.

За трансфери ништо не кажува ни желби има ни против за некој да остане во екипата.
На прес кога ќе искочи се истите работи ги збори,сите знаеме што ќе каже и пред и после натпревар.

Со толку пари потрошени сега требаше да газиме,цел систем на игра да биде развиен,кај него сите играчи пропаднаа,ги уништи со некои неприродни позиции и без врска задачи на теренот.

Незнам што мислат управата со него,требаше да лета уште после натпреварот со Ливерпул.
 
@NuRkAc сериозно мислиш дека Valdes може да биде полош тренер од Valverde?


Не мислам дека ќе биде,јас само потенцирав дека прво дали Бартомеу би превзел ризик да го назначи Валдес како тренер,со оглед на тоа дека нема искуство со управување со големи тимови т.е со звезди,а и од друга страна баш таков тренер му треба на тимов,а Валдес е баш тоа што му треба на соблекуваната, лидер кој ќе го мотивира тимот и повлече напред,цврста рака да се справи со овие мангупи на батерии како Суарез,Дембеле и тако даље.......А не секој игра кога сака,кога сака оди на одмори
 
Не мислам дека ќе биде,јас само потенцирав дека прво дали Бартомеу би превзел ризик да го назначи Валдес како тренер,со оглед на тоа дека нема искуство со управување со големи тимови т.е со звезди,а и од друга страна баш таков тренер му треба на тимов,а Валдес е баш тоа што му треба на соблекуваната, лидер кој ќе го мотивира тимот и повлече напред,цврста рака да се справи со овие мангупи на батерии како Суарез,Дембеле и тако даље.......А не секој игра кога сака,кога сака оди на одмори
Aко управата сака тренери што знаат да се справат со Ѕвезди сигурно немаше Хасанов од A.Bilbao, да го земат за тренер.
Да го стават Valdes барем ќе гледаме напаѓачки фудбал, резултатите сами ќе си дојдат. Ова моментално што го гледаме е ДНО.
PS: Valverde изгледа не го бркаат бидејќи ќе треба оштета да му плаќаат 25милиони плата. СЕ НАДЕВАМ последна година му е од договорот и ќе си замине.
 
Aко управата сака тренери што знаат да се справат со Ѕвезди сигурно немаше Хасанов од A.Bilbao, да го земат за тренер.
Да го стават Valdes барем ќе гледаме напаѓачки фудбал, резултатите сами ќе си дојдат. Ова моментално што го гледаме е ДНО.
PS: Valverde изгледа не го бркаат бидејќи ќе треба оштета да му плаќаат 25милиони плата. СЕ НАДЕВАМ последна година му е од договорот и ќе си замине.


Незнам од кога како и колку следиш фудбал т.е ја пратиш Барса,ама ако си постар и долги години следиш фудбал т.е Барса ја следиш и самиот знаеш дека Барса не е позната по менување на тренери сред сезона,треба ептен да оди надолу сезоната за да има промена како што беше со Ван гал,е сега според неки медиуми Валверде НЕМА да го дочека крајот на сезоната,а рачунај со овај тим ако НЕ ОСВОИ Барса Ла лига,тоа ќе биде уште поголем срам од тој на Енфилд и во купот.....Следува зезнат распоред,дојдовме до дереџе да се молиме да киксни Барса,уште повеќе и те како ќе се разниша столчето на Валверде каде што и те како е разнишано е,мое мислење е да го избркаат до Нова година,некако да се спаси сезоната иначе ако е овај докрај со вакво играње на интервали,со дезориентрано,млитаво,ништо нема да освојат.
 
Барса не е позната по менување на тренери сред сезона,треба ептен да оди надолу сезоната за да има промена како што беше со Ван гал

За жал точно е ова и мислам дека затоа ќе го трпиме Хасан уште најмалку до крај на сезоната. Реално колку и да е лош имаме добри играчи па работите никогаш нема да потонат толку како таа сезона кога го избркаа Ван Гал. Само никогаш нема да има оправдување зошто експресно не доби отказ после финалето на КДР.

Проблем секако ќе биде и кој да дојде на негово место. Валдес или Чави можат да бидат привремено решение ама им фали искуство за да сега ја водат екипата. Можеби Тен Хаг е сега најдобра опција, ама тешко Ајакс да го пушти среде сезона.


Ова не би го прифатил никогаш, во ниедна ситуација и под ниеден услов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom