Како ги кажуваш, како да постои компактен тим 38 од 38 да ги победи. Многу фактори се важни за освојување титула. Секако дека едниот од нив е добар старт, но не е правило. Лани имавте и игра и предност пред Сити, ама клекнавте во еден важен период, а Сити баш тогаш ги даде најдобрите партии. Или како на пр кога ние освојувавме ПЛ сме имале 2/3 победи во први 6 натпревари, па потоа сме се воигрувале. Вториот фактор е конкуренцијата. Без разлика што Сити сега изгуби 2 поени, сепак играа против Тотенхем и мислам дека заслужија да победат со поголема разлика, но среќата беше на другата страна. Мислам дека Сити е сериозен конкурент. Факторот среќа и повреди. Денес можеше Ингс комотно да ве замолчи во 86 минута, ако се повреди Салах/Мане друг тим е Ливерпул на пр...
И ред други фактори...
Само дали ќе бидеме ние, Челзи и Арсенал достојни да ви ја направиме поинтересна трката за титула или ќе ни избегате уште до Декември и ние да си се бориме за тоа 4 место...