Така и ми изгледа ЛК од трејлеров, ко типичен празен eye-candy филм, и ништо повеќе.
Mo-Cap.
Земекис нели едно време експериментираше, за мене само џабе потроши 10 години на тоа али ај, тие 3 филма Полар Експрес, Беовулф, К.Карол, и ТинТин екранизацијата на Спилберг истиот проблем, главниот лик не може да се поврзеш и внесеш зш цело време изгледа чудно, погледот некако празен, повеќе ко робот ти делува него човек ... Алита, не знам зш главата мораше така да биде наместо актерката да си одглумеше, вака штрчи затоа што не се и другите ликови така направени, посебно у првиот трејлер огромните аниме очи па после и го преправаа лицето поради огромниот негативен фидбек, али не само очите, некои работи не може да ги пренесеш од манга/аниме у игран филм без да изгледаат чудно.
Овој Могли новиов не сум го гледал, а анимираниот мене ми е исто толку добар како Лајон Кинг од 1994, анимацијата кога ќе земеш у обзир дека е 1967, војс-актинг, музиката, плус и кратко трае, Балу е душата на филмот, толку ми е забавен ми лета времето, Златното Доба на Дизни. И тој стариот црно-белиот од 1942 ме изненади за тоа време колку беше добро направен него ли оној од 1994 со Џејсон Скот Ли.
Анимација, 2D>3D за мене секогаш, со 3D ја немаш таа флуидност и брзина у движењата и детаљноста дали у изразите на лицата или околината /средината. Проблемот е кај други животни шо не личат на луѓе но сметам дека во иднина ќе го средат и тоа.