Не е во ред неземањето на медал од страна на Меси, иако е 100% во право. Сепак не доликува на ниту еден фудбалер таков гест, се работи за професионалци. За Бразил сум од мал, иако не се потресувам нешто многу во последно време, али на турниров не одиграа ништо посебно и имаа огромна помош од судиите. При ВАР, кој е воведен за да ги елиминира грешките на судиите, да не досудиш онаков пенал за Аргентина каде Отаменди испи класичен нокаут од Артур у врат, исто и за вториот гол имаше фаул над Агуеро и требаше да биде поништен, тоа за мене е чиста срамота и брукање пред цел свет. Бар веќе ако гледате некој да фаворизирате не ставајте ВАР и ајт у курац, ќе се вадите дека не виделе судиите и чао.
За Аргентина не е страшно ова, следната година ќе пробаат на домашен терен да освојат, таму е друга приказната и ќе имаат голема предност.
Првенството во целина изобилуваше со неквалитет, разочараа Колумбијците, разочара до негде Аргентина, Чиле испи срам од ебениот Перу, ај Уругвај океј немаа среќа со 400 поништени голови против Перу, стандардните фенерџии Венецуела и Боливија беа лоши иако првиве не се покажаа до толку лошо али ајде, Јапонија и Катар туристички, нарочито првиве. Квалитетот на терените исто жалосен, судењето, буквално срамота од натпреварување.