Vcera imav watto den, izgledav 4 filma u eden den, toa se nema sluceno odamna...
Јас пак вчера случајно изгледав 2 филма и се осетив ко којзнае што да сум направил. До толку сум загреота

И двата филма ми беа веќе гледани, ама којзнае кога последно. Првиот беше Zodiac, ми излезе на почетна на Нетфликс и си реков ај ќе го разгледам пак, последно кога го гледав беше кога излезе филмот. Не дека е премногу лош, ама не е ниту добар, и според мене, најслабо остварување на Финчер, како само камерата да е во негов препознатлив стил и ништо друго. Филмот цело време е misleading, не во однос на плотот, туку во однос на ликовите. Отпрвин се поставува Џејк Гиленхол како протагонист, па после приказната се префрла на Роберт Дауни, кој е тотално промашен кастинг и лошо напишан лик, па за да се префрли на Марк Рафало кој го носи филмот на грб извесно време и го префрла на Џејк кој во последните половина час се обидува да го спаси. Премногу долг, антиклиматичен, изгубив интерес на околу половина, што не беше случај кога го гледав за прв пат.
Другиот филм беше Scarface на де Палма. Го даваа на телевизија, и таман сакав да се приберам за легнување, го фатив од почеток и застанат пред телевизор, потечен во очите, не знам каде ми поминаа три часа. Сум заборавил дека олку го сакам, перфектен, преубав филм. Сакам филмови кои оставаат протагонистот да ја раскаже приказната. Не би го ставил во ист кош со другите гангстерски филмови од рангот на Гудфелас, Кум и слично, затоа што овде реално приказната е и веќе видена, но она што го прави посебен е егзекуцијата и начинот на кој е портретиран главниот лик. Го сакам стилот на Брајан де Палма, долгите сцени, зумовите, алатките кои ги користи за да покаже дека поминува време. Во Scarface се работи за долг временски период во подемот и падот на Тони Монтана, но времето поминува суптилно, неосетно, ги гледаме само главните моменти од животот на Тони, нема одолговлекување, нема филер моменти. Ал Пачино е неверојатен актер, глуми како да нема утре, акцентот на ликот, вилицата спуштена надолу, погледот на лудак, целата психологија на ликот, посесивноста, негирањето на сопственото минато, имиграцијата, односот помеѓу своето семејство и алчноста, итн итн... секогаш ќе има многу да се зборува за филмов.