- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.605
- Возраст
- 38
RocketmanФилмчиште.
![]()
Како фан на биопици (ваљда ова би било множина од биопик) и мјузикли морам да кажам дека филмов од почеток до крај ми легна исто ко што го легнуваа Елтон Џон во филмот. А искрено не ни знаев дека е мјузикл филмов.
Значи не зборам за "мјузикл" од рангот на Bohemian Rhapsody каде што ги има песните од бендот во филмот - зборам за тоа дека (ова ќе го стаам у спојлер пошто шо знам што сметате за спојлер)
Еџертон (или Егертон, како и да се чита) направи одлична работа како Елтон Џон. Искрено не сум нешто огромен фан на Елтон Џон освен тие најголемите што му се, пошто ретко ми легнуваат спори песни мене, ама секоја песна во филмов функционираше совршено.приказната и емоциите на ликовите се раскажуваат преку песни на Елтон Џон...нели не цел филм, ама има добри 6-7 сцени вакви
Длабочината на ликот беше одлично преставена со сите тие адикции и проблеми и расправии и фамилијарни проблеми како и проблеми со самодоверба. Животот на рок ѕвезда беше одлично прикажан.
Режија, кинематографија, костуми, шминки..све тоа си гази
Били Магнусен...искрено не знам од кај се појави ама од лани до сега мислам све му имам видено..и тоа по чита случајност пошто буквално во све глуми...
Не знам дали е ради врски или ради тоа што изгледа како модел а глуми како не-модел ама ете ептен е на нагорна линија во Холивуд.
Ама секогаш е ок лик Били за гледање.
А буквално не знаев ништо за филмов освен...нели..филм за Елтон Џон со Тарон Егертон...трејлерот не ми ни фати око до душа...плус...ваков "оскаровски бејт" тип на филм во Мај?? Хмм.....
Ама ете, испадна одличен!
Не знам што ќе кажат Оскарите или критичарите ама ете има потенцијал за многу номинации.
Ако ништо друго очекувам да растури на Голден Глоубс пошто реално нема ептен квалитетни мјузикли/комедии во тие нивните категории така да...
Можете и да почекате да го гледате на крај на годината/почеток на следната пошто ми личи ко да ќе има номинации за оскар.
П.С. Ок да не испадне дека го направив филмот the best thing since sliced bread, не нуди ништо never before seen во biopic или мјузикл жанрот ама овие два жанрови и не мора ништо ново да нудат, само да се направи тоа што требе е и повеќе од доволно за мене.
А филмов се што треба го прави одлично.
Препорака![]()
![]()
Оти ми се чини дека постеров не е за тој филм?

Underused и underrated, за жал. Нема денеска такви карактерни глумци кои ќе ти остава(а)т впечаток како негативци, како него, Brad Douriff, Brion James, Richard Lynch, итн.
