Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
Vcera imav watto den, izgledav 4 filma u eden den, toa se nema sluceno odamna...

Mada godinava sum uste dno, so nekoi 40+ filmovi, koi obicno u januari samo gi gledav, i ne anon, ne e od nemanje vreme, zelba neam :D

Prviot starfish e indi scifi, nalik na io another earthot ama podobar, so podobra muzika i malku tazen, instagram film, sekoja scena bese kako filter za instagram, sekoj prop detalno namesten ko za pred slikanje. Za kraj na svetot bese inace, drama. Ok e.

Vtoriot high life me zdrma jako, obicno ne se diturbnuvam lesno ama ovoj so konstantnosta, me stavi u trans i si zema danokot, ko trip od noe da gledav. Scifi u space so robert patison (koj razvali, edvaj cekam da go vidam ko betmen), ovaa julie binoche i mia goth. Top ekipa, kreativna reziserka. Preporaka.

Tretiot: Glass. Tretiot u niza na majstorot na tvistovi. Mene mi bese los, sakajki parodija iskoci navistina parodija, klasicni superherojski trope-a, ne znam kako poznative faci se nafatile... Ocekuvav mnogu, ne znam oti. Inace mcavoy pak go izvozi, ne moze da prestanes da go gledas so transformaciite. Se nadevam e dobro irl. Thoughts and prayers.

Nokjta ja zavrsiv so filmot sto go obozavam veke neizmerno. 500 days of summer. Filmiste. Uvek relateable, kade i da si, koga i da si u zivot. Remek delo.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Јас последниве дена изгледав неколку хипстерски, ако ви фаќа умот бујрум. Ми се допаднаа.
https://www.imdb.com/title/tt0091214/?ref_=nv_sr_1?ref_=nv_sr_1
Ова е интересен ко The man from earth во тој стил, само поинаков.

https://www.imdb.com/title/tt0247613/?ref_=nv_sr_1?ref_=nv_sr_1
Одличен филм. Малку напнат,, ама одлично возење.

https://www.imdb.com/title/tt0268690/?ref_=nv_sr_1?ref_=nv_sr_1
И овој одличен и интересен. Не знам зошто не е повеќе познат со повеќе гласови на imdb.

Ако е некој за нешто непознато, на тема егзистенцијализам, бујрум.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Vcera imav watto den, izgledav 4 filma u eden den, toa se nema sluceno odamna...
Јас пак вчера случајно изгледав 2 филма и се осетив ко којзнае што да сум направил. До толку сум загреота :(
И двата филма ми беа веќе гледани, ама којзнае кога последно. Првиот беше Zodiac, ми излезе на почетна на Нетфликс и си реков ај ќе го разгледам пак, последно кога го гледав беше кога излезе филмот. Не дека е премногу лош, ама не е ниту добар, и според мене, најслабо остварување на Финчер, како само камерата да е во негов препознатлив стил и ништо друго. Филмот цело време е misleading, не во однос на плотот, туку во однос на ликовите. Отпрвин се поставува Џејк Гиленхол како протагонист, па после приказната се префрла на Роберт Дауни, кој е тотално промашен кастинг и лошо напишан лик, па за да се префрли на Марк Рафало кој го носи филмот на грб извесно време и го префрла на Џејк кој во последните половина час се обидува да го спаси. Премногу долг, антиклиматичен, изгубив интерес на околу половина, што не беше случај кога го гледав за прв пат.

Другиот филм беше Scarface на де Палма. Го даваа на телевизија, и таман сакав да се приберам за легнување, го фатив од почеток и застанат пред телевизор, потечен во очите, не знам каде ми поминаа три часа. Сум заборавил дека олку го сакам, перфектен, преубав филм. Сакам филмови кои оставаат протагонистот да ја раскаже приказната. Не би го ставил во ист кош со другите гангстерски филмови од рангот на Гудфелас, Кум и слично, затоа што овде реално приказната е и веќе видена, но она што го прави посебен е егзекуцијата и начинот на кој е портретиран главниот лик. Го сакам стилот на Брајан де Палма, долгите сцени, зумовите, алатките кои ги користи за да покаже дека поминува време. Во Scarface се работи за долг временски период во подемот и падот на Тони Монтана, но времето поминува суптилно, неосетно, ги гледаме само главните моменти од животот на Тони, нема одолговлекување, нема филер моменти. Ал Пачино е неверојатен актер, глуми како да нема утре, акцентот на ликот, вилицата спуштена надолу, погледот на лудак, целата психологија на ликот, посесивноста, негирањето на сопственото минато, имиграцијата, односот помеѓу своето семејство и алчноста, итн итн... секогаш ќе има многу да се зборува за филмов.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Добар е, само уште да знаеше да глуми.
Не е толку лош актер како што ги има во Холивуд да ги ринеш со лопата. Сите нив би ги трампал само он да остане со солидна кариера пошто вреди.

Иначе не сум во тек годинава со филмските остварувања. Што се има излезено и вреди да се гледа? (без суперхеројски)
Glass
Us
Polar
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.917
Поени од реакции
42.625
Мене Мементо ме разочара, очекував повеќе од овој филм, нелинеарна приказна, не дека не сакам такви но овој беше ултра збунувачки.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Е да, цело ова време Камерон имаше анксиозни напади и тешко дишење да не го престигнат...
Колку тоа Камерон сериозно го сфаќа може да се забележи и од сликата што ја постираше за Титаник
Како и да е, за 1 година Аватар 2 ќе сахрани све.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Во приказната воглавно но и се останато освен во глумата. McAvoy си гази. :)
Its Shyamalan, what did you expect? MCU blockbuster? lol

Освен Аватар, кога ќе му ги видиш другите проекти, он се држи кон мали граници, затворена територија, мал буџет, твистови, и пркос на очекувањата. Многумина очекуваа дека приказната ќе води кон некаков епик шоудаун на таа кулата што ја спомнаа, ама не се случи, и Шајко сам искоментира дека тоа беше намерно затоа што целеше кон тоа приказната да биде сместена во колку можно по-реален сетинг, а во вистинскиот живот дека не би виделе такви епски битки како кај Марвел или ДЦ. Во што до одредена мера се согласувам.

Мене единствено разочарување ми беше крајот, таман кога го открија твистот, и ги скинаа сите конци за понатамошно откривање на повеќе тајни. Шајко останува на трилогијата и нема да прави нови продолженија и мене тоа повеќе ми бодеше очи отколку се друго што се случи. Се останато до некаде имаше смисла. Се надевам сфаќаш на што мислам, не сакам да претерам со спојлери, сигурно има некои кои не го гледале филмов па да не кршам mood :LOL:

За глумата мислам дека едини поплаки што чув беа за Брус Вилис, а за сите останати само позитивни критики.
 
Последно уредено:
Член од
20 октомври 2005
Мислења
314
Поени од реакции
136
Мене Мементо ме разочара, очекував повеќе од овој филм, нелинеарна приказна, не дека не сакам такви но овој беше ултра збунувачки.
Многу добар :) Има плеј листи и да го гледаш како што треба, односно со правилен распоред на настаните... Туку ова https://www.imdb.com/title/tt0290673/ . Сум го гледал у кино Милениум на времето - една припадна па ја изнесуваа, а еден куп луѓе си излегоа :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom