C/C++

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Денес на колоквиум ми се падна следната задача:
Да се напише програма, каде што од опсег внесен од тастатура, ќе ги печати сите броеви каде што помеѓу ротираните цифри се внесува бројот 7.
пример: 425=>57274, 12=>271, 20=>72
Ќе може некој да ја реши колку да споредам со тоа што го напишав.
Код:
#include <stdio.h>

int main()
{
	int br, prevrten = 0, vnesiSedumka = 0;
	scanf("%d", &br);
	while (br!=0)
	{
		prevrten *= 10;
		if (vnesiSedumka)
			prevrten += 7;
		else
		{
			prevrten += br%10;
			br /= 10;
		}
		vnesiSedumka = !vnesiSedumka;
	}
	printf("%d\n", prevrten);
	return 0;
}
 
DreamCoder

По потрага на совршенство :)
Член од
15 ноември 2009
Мислења
77
Поени од реакции
9
Ц и Ц++ се еден од најкористените програмски јазици во ЦЕЛ СВЕТ... Многу мина во светов прават експерименти преку овие јазици...
Разликата е во тоа што Ц е постар од Ц++ ,а воедно и Ц++ содржи компилер кој го склопува програмот поинаку...
Литература за програмски јазици јас најповеќе најдов во Скопје и не беа баш ефтини :vozbud:
 
R

Reve0ke

Гостин

Ова е една од најретардираните споредби што ги имам прочитано до сеа.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Ц и Ц++ се еден од најкористените програмски јазици
Пред да почнете да учите програмски јазици, препорачливо е да се обидете да го совладате мајчиниот јазик. Може да помогне.

Многу мина во светов прават експерименти преку овие јазици...
Какви експерименти? Обично по филмовите прават експерименти со бели глувци, ама не мислеше на такви, нели? :)
Во случај да мислеше POC (моја претпоставка, најблиску до експерименти со програмски јазици), грешиш. Обично POC се прави со динамични јазици од типот на Пајтон. Поради едноставност, брзина, флексибилност и уште мал милион стваричици.

Разликата е во тоа што Ц е постар од Ц++ ,а воедно и Ц++ содржи компилер кој го склопува програмот поинаку...
Искрено... се плашам да го искоментирам ова. Навистина се плашам.

Литература за програмски јазици јас најповеќе најдов во Скопје и не беа баш ефтини :vozbud:
Најдоброто нешто од литература за С++ се наоѓа на нет и е бесплатно.
Побарај Thinking in C++ (ed. 2) од Bruce Eckel.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Аууу како му нарипавте на човекот, а баш дал издржан коментар ... факат ова е добар начин да објасниш што е што на луѓе кои од компјутери знаат само каде да внесат шифра за facebook :tapp:
 
I

Intex

Гостин
Ц и Ц++ се еден од најкористените програмски јазици во ЦЕЛ СВЕТ... Многу мина во светов прават експерименти преку овие јазици...
Разликата е во тоа што Ц е постар од Ц++ ,а воедно и Ц++ содржи компилер кој го склопува програмот поинаку...
Литература за програмски јазици јас најповеќе најдов во Скопје и не беа баш ефтини :vozbud:
Какви експерименти прават? Некои атомски бомби?:pos::pos:
Ц++ содржи компајлер? WTF? А Ц нема компајлер?
Литература во Скопје најде по не баш ефтина цена?
Да ти дадам еден куп е - books бесплатно?
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Еве еден зип фајл со задачи што ги имам кај мене на компјутер што сум решавал јас или што сме решавале со колеги за на факултет по предметот Основи на програмирање. Овде има и решенија на повеќето лабораториски вежби што ги даваат на ПМФ така да мој личен совет е да ги решите сами и САМО ако ептен заглавите ѕирнете од моите или за да направите споредба ако сакате да научите, доколку не ги решавате лабораториските и ги користите задачите ко препис или истите ги покажувате на час за бодови нема да научите ништо и дури и да го положите Основи на програмирање нема да знаете ништо што ќе зборуваат во втор семестар на Објектно и визуелно програмирање. Исто така има примери за колоквиуми и испити и ако прочепкате ќе ги најдете и решени истите (бар повеќето) и за тие што не можат да најдат литература ставив неколку книги и туториали.

Линк за download:
http://www.2shared.com/file/9209021/cb81c661/Osnovi_na_programiranje.html
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Како се ограничуваат вредности на променлива во c++?
Пример во паскал е k:1..20;
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Ми треба команда со која ќе се прекине програмата ако внесената променлива не е во даден опсег.
 
SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Ми треба команда со која ќе се прекине програмата ако внесената променлива не е во даден опсег.
Мислиш ако опсегот е „да се внесе бројка од 50 до 100“ или за друг опсег мислиш ?

Ако е пример „да се внесе бројка од 50 до 100“ ондак вака ќе му дојде:

Код:
if(promenlivata < 50 || promenlivata > 100)
{
cout << "Brojkata koja ja vnesovte e nadvor od dadeniot opseg.\n";
break;
}
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Еве еден зип фајл со задачи што ги имам кај мене на компјутер што сум решавал јас или што сме решавале со колеги за на факултет по предметот Основи на програмирање. Овде има и решенија на повеќето лабораториски вежби што ги даваат на ПМФ така да мој личен совет е да ги решите сами и САМО ако ептен заглавите ѕирнете од моите или за да направите споредба ако сакате да научите, доколку не ги решавате лабораториските и ги користите задачите ко препис или истите ги покажувате на час за бодови нема да научите ништо и дури и да го положите Основи на програмирање нема да знаете ништо што ќе зборуваат во втор семестар на Објектно и визуелно програмирање. Исто така има примери за колоквиуми и испити и ако прочепкате ќе ги најдете и решени истите (бар повеќето) и за тие што не можат да најдат литература ставив неколку книги и туториали.

Линк за download:
http://www.2shared.com/file/9209021/cb81c661/Osnovi_na_programiranje.html
A за Структури на податоци имаш нешто?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom