C/C++

Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Па, тоа шо го пиша се користи секојдневно, ама не е точно.
Декадни (децимални) броеви се целите броеви.
А децималните (ние шо ги викаме децимални) се викаат реални броеви (дропки).
Е тек сега се збунив кои какви се :)
Целите броеви се подмножество на рационални. 11 е исто што и 11/1 - претставен како дропка или 11.0 - претставен како децимален број. Од тука не ми е јасно зошто тврдите дека неможе да се дели или да се провери делливост на децимален со цел број.
Од друга страна ... за задачата ... воопшто не е битно тоа што знаеме дека ако внесениот број има децимали нема да биде деллив ... задачата јасно вели ... влезот е децимален број. Ако го третира како цел број, сигурен сум дека нема да биде точно решението ... и се така додека не стане професор па да ја исправи задачата или најчесто уште повеќе да ја затупи :)

Поради тоа што се бара влезот да биде децимален, јас би ја решил вака:

Код:
#include <cstdlib>
#include <iostream>
#include <cmath>

using namespace std;

int main(int argc, char *argv[])
{
    float a, b=11.0;
    
    cout<<"Vnesete decimalen broj: ";
    cin>>a;
    cout<<"------------------------------------------------"<<endl;;
    
    if(fmod(a,b)==0){
    //ako ne smees da koristis cmath: if((((int)(a/b))*b)==a);
        cout <<"Vneseniot broj ("<<a<<") e deliv so 11.\nNegoviot tret stepen iznesuva: ";
        cout <<pow(a,3)<<endl; //ako ne smees da koristis cmath: cout <<a*a*a<<endl;
    } else {
        cout <<"Vneseniot broj ("<<a<<") ne e deliv so 11.\nNegoviot kvadraten koren iznesuva: ";
        cout <<sqrt(a)<<endl; //ako ne smees da koristis cmath iskopaj nekoja gotova funkcija :)
    }
    cout<<"------------------------------------------------"<<endl;;
    system("PAUSE");
    return 0;
}
 
Член од
18 февруари 2007
Мислења
21
Поени од реакции
5
1. c.x=0.25
2. b.iomanip
3. c.cout << “\”Fakultet \n za informatika\””
4. b.cout << fixed<< setw(14) << setprecision(3) << x;
5. a.5

Петото мислам дека b би требало да добие вредност 8, заради тој последниот услов кој вели ако a има вредност 8, тогаш и b да добие вредност 8.

Третото би требало да биди под а заради наводниците a.cout << “\”Fakultet”<<endl<< “za informatika\”” ( во кодт ти печати, а на примерот нема наводници ).
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445

И јас прв пат ко го видов тоа си реков така. Гледам платон одговорил 5, гледам пак и видов.

таму сите тие if се вгнездени во else, односно врзани во if else if else ...

Така, ако условот на еден иф е точен ќе се изврши тој, а тие под него нема.
Условот на првиот е точен (8>4)
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Сите се точни, сепак пред да поставам нешто проверувам за да не за**ам некого. Но еве и зошто:

Првото е точно ... збирот не е 0,30 затоа што 1/2=0 (делење на int нема децимали) ... a setprecision(2) заокружува на втората децимала така да во секој случај останува 0,25. Кога би било setprecision(1) би било 0,2.

Петото мислам дека b би требало да добие вредност 8, заради тој последниот услов кој вели ако a има вредност 8, тогаш и b да добие вредност 8.
Би требало доколку претходно нема else if. После редот во кој b ќе добие вредност 5 има else if кој не дозволува да се изврши редот во кој би добил вредност 8. if-else циклусот се затвора веднаш штом ќе се исполни еден од условите, по наведениот редослед.

Третото би требало да биди под а заради наводниците a.cout << “\”Fakultet”<<endl<< “za informatika\”” ( во кодт ти печати, а на примерот нема наводници ).
Наводниците ги има и во примерот.
 
SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Петото мислам дека b би требало да добие вредност 8, заради тој последниот услов кој вели ако a има вредност 8, тогаш и b да добие вредност 8.

Третото би требало да биди под а заради наводниците a.cout << “\”Fakultet”<<endl<< “za informatika\”” ( во кодт ти печати, а на примерот нема наводници ).
Третото е под Ц. Сите изрази го печатат истото, само под Ц има празно место :)
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Едно прашање имам на кое никако да добијам конкретен одговор. Што е разликата помеѓу C и C++?
Значи знам дека С е структурирано, а С++ е објектно ориентирано, и дека кај С наредбите се извршуваат една по една... али не ми е јасно што уствари значи тоа? Која е разликата дали ќе програмирам во С или С++? Како да одлучам кој јазик за кои проекти би го користел? Дали може истиот програм да се направи и во С и во С++? Ако може едно селјачко објасnuvawe со прости зборови и примери:)
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111

Ц е претходник на Ц++,скоро се шо можи да се напиши во Ц можи и во Ц++.
Голема разлика меѓу ц и ц++ нема, освен можноста на ц++ за користење на класи.

Има сега некои поминимални разлики како,ц ++ има поголема стандардна библиотека,функци за алокација на меморија,функците за инпут аутпут.
Ама главното е дека ц е процедурален јазик а ц++ е процедурален и објектно ориентиран.
 
I

Intex

Гостин

Не му објаснувајте вака на човекот бе. Објаснете му со примери во стилот 6 јаболки, 3 сливи, get the point?
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Не му објаснувајте вака на човекот бе. Објаснете му со примери во стилот 6 јаболки, 3 сливи, get the point?
Најголемата разлика меѓу ц и ц++ е тоа што ц++ е објекно ориентиран (ОО), има класи и од класите правиш објекти. Значи прво треба да се разбере што е податочна структура во Ц, па класа во Ц++ на високо ниво, па после да се разбере дека ОО преведено на ниско ниво е специјален вид на струкуирано програмирање.

А за да се објасни класа, на никој не му се пишува тие примери со круши јаболки и незнам што, не се баш кратки како за на форум. Најдобро се објаснати во книгите на 1-2 страници со примери и се останато.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Џабе, пак не го знам тоа што сакам да го знам:) Како и да е, ќе чекам да ми заврши и втор семестар, па до тогаш ќе ги имам научено и двата (нормално колку што се учи на електро), па сам ќе ја сфатам разликата:)
Сепак фала на одговорите.:smir:
 
serious

If you need me, whistle
Член од
6 февруари 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
C++ Pointer

Сум читал туториали за поинтери, но неможам да разберам што се тоа фактички.

Знам само дека служат за вметнување информација во дадена меморија.:nesvest:
Ако може некој да ми објасни поубаво
 
serious

If you need me, whistle
Член од
6 февруари 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
Прочитав, јасно ми е сега само како се користат.

Но зошто ги употребуваме овие поинтери?
Каде се употребуваат?
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Се мачкат на леб.

Сепак не се мачкат на леб, по се мислам дека сакаш да знајш која е предноста во користење на поинтери.

Епа како прво во одредени ситуаци, поинтерите можат да ти зачуват многу меморија, шо ќе резултира со побрза апликација после,преку поинтери можиме да напрајме една функција да променва поќе вредности(ја елиминира слабоста на функците,дека враќат само една вредност).

Исто заборајв, со помош на поинтерите можиме да работиме со динамичка меморија, шо отвора многу други опции.
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Џабе, пак не го знам тоа што сакам да го знам:) Како и да е, ќе чекам да ми заврши и втор семестар, па до тогаш ќе ги имам научено и двата (нормално колку што се учи на електро), па сам ќе ја сфатам разликата:)
Сепак фала на одговорите.:smir:

Почекај да гибниш структури во C, тогаш ќе имаш појма.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom