Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Да беше фан продукција, Џон и Дени ќе се земеа на крајот, Тирион ќе им беше кум, сите ќе живееја среќно до крај на животот. Тоа е тоа што новопечените фанови кои се натоварија на вагонот последниве 3-4 години, го сакаат.

Вистинските фанови знаат дека ова никогаш не беше и не може да биде хепиендинг приказна.

Од една страна се жалите дека било фан продукција. Од друга страна велите дека 80:20 бил соодносот незадоволни - задоволни, и барате со петиции да ви ја преправеле сезоната по ваш вкус. Тоа ако не е фан продукција, јас не знам што е :)

Повеќе серии не сум догледал отколку што сум догледал. Кога не ми се допаѓа и давам уште 1-2 шанси и ја праќам на вечните пасишта. Не знам што толку ве тера да гледате "бљувотини" и "помии".
 
Peticiite se zivi gluposti.
Na nekoi luge ne im se dopaga kako se zrtvuvaat karakteri kako se izbrzuva nivniot razvoj zatoa sho nekoj ne sakal da prifati 10 epizodi.
Da bese prvata sezona snimana na ovoj nacin, nikogas nemase da stasa do ovoj status na pop culture fenomen.
 
Повеќе серии не сум догледал отколку што сум догледал. Кога не ми се допаѓа и давам уште 1-2 шанси и ја праќам на вечните пасишта. Не знам што толку ве тера да гледате "бљувотини" и "помии".

Е ај сега стаи се у кожа на рандом фан на книгите (и првите неколку сезони). Дај ми пример за ТВ адаптација на серијал книги шо сеуште не е завршен, а екранизацијата според outline од авторот, ги спојла настаните од неиздадените книги. Замисли таа серија да е ненормално популарна и спојлерите да се неизбежни за секој со интернет дома.
Нема ниту еден пример како овој со ГоТ и нема таква серија или филм со сличен тајмлајн како кај ГоТ, затоа и примерот со баталуење серии не ти држи вода. Книгите ми се у топ 3 фантастика и нема да дозволам да ми ги спојлне рандом kurle_69, затоа и ги гледам последниве сезони.

А гадното кај последниве сезони е тоа дека настаните не се fanfiction, значи спојлерите се тие, ама ликовите и нивното психолошко одење од точка А до точка Б е напишано како писмена на второодделенец. Тоа е дефинитивно fanfiction. Станис, Литлфингр, Тирион, Варис...и многу други се ДРУГИ ликови, немаат врска со тие од претходните сезони. Тука може до детали да се објаснува, ама мислам дека тоа се најголемите забелешки за последните сезони.
У однос на нелогични глупости во дејствието, телепортирањето и градењето 1000 бродови за Јурон, може да се остаи резерва заради медиумот, буџетот...

Значи, не викам дека е фан-фикција тоа "did we get there", туку "how we got there".
 
Знаеш колку реакции имаше од хардкор фанови, во периодот после трилогијата, ради army of the dead во битката кај Минас Тирит, елфовите од Лориен кај Хелмс Дип, тоа што го немаше Глорфиндел, Имрахил и еден куп други работи?
Има луѓе што до ден денес го мразат Питер Џексон, затоа што им ја уништил трилогијата. Лотр, своевремено, повеќе отстапуваше од книгите, отколку што тоа го правеше гот како серија, додека имаше книги по кои се правеше.

Само тогаш интернетот беше млад, немаше reddit, немаше twitter и немаше толку entitled публика, па таквите работи поминуваа неприметно. Питер Џексон тогаш им го кажуваше, тоа што Мартин, сега, во неколку интервјуа го повторува, книгата и филмот се различни уметнички форми, кои не можат дословно да се пресликаат една во друга.

Да, серијата не е истата од првите 4-5 сезони. Да, квалитетот на сценариото е многу помал, откако серијата ги помина книгите. Ама, да гледаш луѓе кои едвај можат да си ја задржат работата, да потпишуваат петиции да се преснима цела сезона на серија, која чини многу милиони долари, само затоа што не им ги исполнила стандардите на нивните запотени гзови, е исклучително иритантно. И патетично.
На крај, гледачот го има финалниот избор, да го исклучи телевизорот и да не гледа нешто што не му се допаѓа.

Веќе се сложив дека не можеш филмот и книгата да ги пресликаш. Army of the dead ти е добар пример, но пак ќе кажам дека светот на ЛОТР во себе содржи многу повеќе фантастични елементи, би го сврстил во жанр фантазија исто ко што и Тор таму би го сврстил, додека светот на ГОТ почна на тој начин што фантастичните елементи беа во митовите и легендите и беа обвиени со вел од мистерија. ГОТ беше у суштина драма со доста интриги, романса и предавства и ко такво дело ги пресликуваше случувањата на кралските дворови од европските монархии, тоа и беше главното оружје на серијата and it did not managed to live up to the standards that it created што би рекле Британците. И под тоа не мислам дека фантастичните елементи не требаше да ги има, напротив можеа да креираат нешто уникатно, генијално и нешто што никој го немаше видено до сега, и не ме сфаќај погрешно, шоуто во поглед на визуелниот дел е нешто невидено до сега, некому тоа му е доволно, мене тој дел не ме дира многу. Сите перфектно си ја завршија работата, освен Д&Д кои не си ја ни довршија работата, туку импровизираа. Заради тоа и не им замерувам на оние кои што бараат преснимување.
 
Последно уредено од модератор:
Во серијата, ова е само трипање на Мелисандре која не еднаш погреши, и во најдобар случај може да се земе како нејзина теорија.
Точно. Имаше и тука, во темава, една интересна теорија од која може да се извлече дека ни Мелисандре правеше нешто и знаеше нешто, ни тој пијандурата што го "оживуваше" Берик, туку дека се тоа беа само коинциденции. Се сеќавате кога го оживуваше Џон? Не и успеваше никако, сто пати ги повтори зборовите, на крај се откажа - Џон уште мртов. Кога излезе од собата, ако не се лажам, Џон се разбуди. И од каде заклучокот дека она го оживеала? Исто и со огнот во рововите во трета епизода од сезонава. Збореше, збореше, збореше, ни оган ни бутур. Почна и да се нервира, и таман да се откаже, се запали огнот. Јас мислам дека нит она знаеше нешто, ниту пак Lord of Light ја слушаше. Само коинциденција е тоа што се појавува баш во тоа време кога друг (Lord of Light, веројатно) пали огнови и оживува мртви. Инаку како ќе го објасните пророштвото и фејлот со Станис?
 
Последно уредено:
Мелисандре во огнот може да види само фрагменти од иднината, односно дел од мозаикот/поголемата слика, и потоа ги интерпретира според нејзино сфаќање.

Најдобар пример - при крај на 2-ра или во 3-та сезона, кога гледаше во огнот заедно со Станис видоа знамиња на Болтон како горат, и она го преведе како победа на Станис, а тоа уствари беше исходот од Battle of the Bastards и победата на Џон.
 
не можеше да си потоне со бродот, во стилот No ship should go down without her captain? или некоја по епик сцена??

па илјадници луѓе работат на серијава и ова е најдоброто што го смислија??
Па Јурон баш како ваков лик беше претставен и од почеток до крај си беше истиот. Кога го запознавме рече прајте ми бродови затоа што сакам да ја ебам кралицата. После во Кингс Лендинг почна одма да го чепка Џејми, и одлично му одговараше ваква смрт. Цело време се фалеше со нешто што него му е битно и така си умре.

Е сега тоа што знаеме дека во книгите е различен затоа што мораше да ни раскажат читателите, па овој од серијата делува ептен просто...
 
Заради тоа и не им замерувам на оние кои што бараат преснимување.
Не знам како можеш да веруваш во ова, сериозно... значи прво, целта на петицијата е да се навредат авторите, а не да се преснимува. Такво нешто нема да се случи никогаш, а можеби ни тогаш. Второ, реков и погоре: истата публика која ја критикува серијата дека им угодувала на фановите, сега бара да им се угоди ним. Еве да речеме дека такво нешто е можно и ќе ја преснимат. После ќе се собере друга група од милион души и тие ќе бараат да им се пресними. И така ќе си гласаме... санкир избори се ова :D

Еве еден интересен твит на темава:




Имаше и тука, во темава, една интересна теорија од која може да се извлече дека ни Мелисандре правеше нешто и знаеше нешто, ни тој пијандурата што го "оживуваше" Берик, туку дека се тоа беа само коинциденции
Види, нека и не се коинциденции. Берик беше оживуван многу пати. Ако на крај имаше некаква причина, тоа беше да и помогне на Арја да преживее за да може таа да го убие НК подоцна. Без Берик, Арја немаше да преживее. Сега, за Џон, може има причина и тој што беше вратен. Но не мора да значи дека причината е Џон да ги обедини сите и да си живеат среќно, или пак воопшто да седне на престолот. Не мора авторите да се држат до некакво пророштво кое никогаш и не беше форсирано во серијалот.

----------------------------------------------------------------------------------------------


Патем, свесни сме сите тука дека Џ.Р.Р. Мартин, 100%, без трошка двоумење, немаше да пропушти да го срамни Кингс Лендинг со земја... така? Значи човекот му ја исече главата на Нед, ги уби Роб и мајка му на свадба, му го пресече таквото на Теон... ви личи тој на човек што ќе ви дадеше хепиендинг? :) Ова е негов крај, единствено што се согласувам со критичарите е дека на поинаков пат ќе се стигнеше до крајот.

----------------------------------------------------------------------------------------------

@wot, ти не замарај да не сме замарале... сега ако не замараме кога? Уште 10 дена пишам на темава и не ме гледаш појќе <3
 
Не знам како можеш да веруваш во ова, сериозно... значи прво, целта на петицијата е да се навредат авторите, а не да се преснимува. Такво нешто нема да се случи никогаш, а можеби ни тогаш. Второ, реков и погоре: истата публика која ја критикува серијата дека им угодувала на фановите, сега бара да им се угоди ним. Еве да речеме дека такво нешто е можно и ќе ја преснимат. После ќе се собере друга група од милион души и тие ќе бараат да им се пресними. И така ќе си гласаме... санкир избори се ова :D

И треба да се навредат, уништија ремек дело.
 
Е ај сега стаи се у кожа на рандом фан на книгите (и првите неколку сезони).

Ама, не сакам, нема ни зошто да го направам тоа, едноставно нема причина за јас да тагувам за нешто што не сум го ни доживеал, нит па сакам да го доживеам.
 
Е ај сега стаи се у кожа на рандом фан на книгите
Никогаш не ми било гајле за фановите на книгите, intelligent or otherwise... :cautious:

И треба да се навредат, уништија ремек дело.
Ништо не уништиле. На некои гледачи не им се допадна, впрочем како и секоја друга серија.
 
Некои работи да продолжеа по пишаниот материјал глава ставам ќе замаравте дека се шпанска серија :)
 
Па не е баш нивно, адаптација е сепак. Не е нивна оригинална идеа.
Да, ама книгите никако не можат да ги уништат. Уште попопуларни ги направија само. Не би ме чудело од сите луѓе кои ги имаат прочитано книгите сега, односот да е 80:20 ( :icon_lol: ) меѓу оние кои ги прочитале откако станале фанови на серијата, и тие што ги имале прочитано пред да постои серијата. Па дури и сега тие што ги немаат прочитано, а не се задоволни од крајот на серијата, ќе земат да ги читаат книгите барајќи поголема сатисфакција.

Серијата е нивно дело, не на фановите, па да имаат некакво право да ги навредуваат затоа што не им направиле онака како што тие сакаат. Фала богу никој не не тера да гледаме. Ти се свиѓа, гледаш. Не ти се свиѓа, имаш милион други серии.
И нормално е да се критикува, да не испадне дека зборам дека не смее критики да има. За се мора да има критики затоа што ништо не е совршено. Ама ова што се прави за ГоТ не е нормално критикување. Луѓе доаѓаат и се однесуваат како некој да ги затворил во кутија и да ги тера да гледаат се дур не заврши серијата која патем е нивно дело и они им плаќаат на Дејвид и Ден за да ја прават.

Не е ова конкретно за тебе :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom