smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.755
- Поени од реакции
- 4.526
Вториот дел е поврзан со првиот, затоа што ти спомнуваш емоционално трошење и зависност. Доколку си зависен и емоционално приврзан, барем на почеток серијава ќе ти се допаѓала, што не е во глобала случај со оние кои тука деноноќно ја просераваат. Едниот дел ја негира истава од сам старт а другиот дел од моментот кога серијалот ги поминува книгите во дејствието.
Некако не следам од каде го извади сево ова. Ако се работи за конверзација со членот кој го имам цитирано не сум баш во тек.
П.С Неам досега правено муабет со луѓе што ја негираат цела серија. Мое мислење е дека ГоТ постави одредени стандарди и правеше одредени работи поинаку и подобро т.е постоеја кул и интелегенти ситуации(некои од нив и не беа дел од книгите), а ова што се деси со осмава сезона беше навреда на интелегенцијата и еден куп клише ситуации кои беа тотално непотребни.
Знам дека hindsight e 20/20 ама од ГоТ се очекуваше повеќе посебно со оглед на тоа што се остави 2 години простор за дополнителен квалитет, а испадна дека добивме фан продукција.
П.С2 Лично би чекал и 4 години само она што го консумирам да биде квалитетно.