Нема везе, никој од луѓево што ги хејтаат последните неколку сезони од серијава (не цела серија, ова мора да се разганичи најпрво), зборам за луѓево од форумот не ја хејтаат поради тренд или некои такви глупи изговори.
Серијава се хејта баш поради овие причини, кои си ги напишал. Никогаш GoT не беше серија која ќе треба да ти го пренесе искуството и да те внесе како да си дел од него преку ефекти, CGI и големи експлозии. Никогаш. GoT овие емоции ги будеше кај гледачот преку добар plot, character development и одлично напишано раскажување на приказната. И сега од еднаш, сето ова се занемарува и се ставаат ефектите и CGI во преден план, поради една и единствена причина - ПАРИ!
Приказната и plot-от? Кој ги ебе, ке ги оставиме за prequels и sequels и остали такви срања. Никогаш со самото почнување на серијава не било во план да се прават вакви гомна, замислата била како целина да почне и да се заокружи дејството, а не да се оставаат огромни дупки за да може да се снимаат отпосле нови серии и филмови и да се штанцаат повеќе и повеќе пари.
Затоа им се подели сега публиката на луѓе што се задоволни од 3тата епизода од последнава сезона (зашто има исто така предобра кинематографија) и на луѓе што не се задоволни од 3тата епизода (бидејќи во поглед на приказна иде во минус серијава). Секој за различна работа веќе почна да ја гледа и тоа е сосема оправдано.