Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Подобра од претходните епизоди али далеку од тоа дека е 10/10.

ГоТ од секогаш имал добри ефекти, а тоа што ја правеше 10/10 беше сторителинг т.е приказната имаше тек и логични заклучоци, причини и последици.

Оваа е епизода имаше добри сцени. Ми се допадна што покажаа колку се моќни змејовите што дополнително укажува колку срање беа претходните епизоди. Сцените со Арија беа некако изгубени во времето и просторот.(Уби еден куп луѓе, сотре цела фамилија па наеднаш revenge is bad don't do it)

Со Хоунд или Клегане Боул беше една од подобрите сцени ми се чини.

Главната приказна т.е Даенерис беше океј само што требаше многу повеќе build-up можеа уште од прва епизода да оставаат хинтови дека во тој правец се движи приказната.

Џејми го сјебаа до крај. Као демек покажаа дека избега од Серсеи т.е од таа токсична и манипулативна врска па пак се врати таму и немаше никаква разврска.

П.С Не сум писател али во основно се учи за вовед, заплет и разврска.
П.С2 Ми се свиѓа пораката за horrors of war.
 
Последно уредено:
На првото нема ни да ти одговорам зашто никогаш не сум тврдел дека се различни кога цела магија и богови а и серија се базира на книгите, сеа нешто што е сменето од стил Кејтлин Старк не е зомби тоа е друго.

Кога сме кај Најткингот и порано покажаа како поминува низ оган, најверојатно драгонгласот кој му е збрцан во срцето го прави имун на огнот и единствен начин да се убие е со тоа ноже со некои реликвии испишани магии и валеријански челик. Сепак 'It's Ice Vs Fire' и не е финтата колку е јак огнот кога нешто не функционира ради таа магија, не функционира. Ама кој да разбере.[DOUBLEPOST=1557759203][/DOUBLEPOST]
Ја мајката сега кога ти најдов извори дека не е обичен оган, се повикуваш на логика од ралниот свет, нели беше обичен оган. Ајде од реалниот свет најди ми колку треба да е блиску човекот до тој оган за да изгори :icon_lol:. Пресметај ми со формула...

Абе македонче ако не оди со глава низ ѕид нема кој. А не сака да признае дека се фатил за најглупата работа да наоѓа грешки...
Koj da razbere mi vika
large.jpg
 
Најобјективно мислење е кога ќе се изгледа епизодата без да се отвори интернет. Ако ве бендиса епизодата од прво гледање и отворите на интернет и сте сведок на масовен хејт, тогаш по автоматизам и вие барате дупки во сценариото и се приклучувате кон толпата. Тоа се случува од страв да не бидете оквалификувани како недоволно интелигентни за една ваква серија, оти модерниот наратив говори дека критички ориентираните мислења се поимаат како знак за самостојно размислување и креирање на сопствени независни ставови, што пак во случајов е парадоксално.

Ретко кој ќе ви признае дека за одредена работа сте во право, посебно нема на една ваква тема каде што објективните гледишта се сведуваат до степен на релативност, секој е во право и никој не е. Победува ставот на толпата во секој случај, а ставот на толпата кон серијава е воглавно критички настоен. Зошто? Еве епизодава беше релативно добра, споредбено со предходните. Ако некој даде такво признание а претходно хејтал, тоа оди во домен на самодемантирање. Ретко кој е спремен на такво признание, затоа и хејтот се засилува и фокусот се става кон негативните аспекти повеќе отколку на позитивните.
 
Оваа епизода ме напизди повеќе од прошлите.
сега ја гледав и поима немав дека напиздени биле по интернет
 
Me interesira po koi kriteriumi e ovaa epizoda podobra od drugite? Vizuelno, po CGI, ne znam akcija? Okej, da ima poveke akcija. Ama veke koga po 15ti pat gleam luge kako gorat mi e nekako dosadno. Poentata veke bese dolovena, samo se vlecat na shok, odnosno NZD.
Po moite kriteriumi, odnosno, razvoj na likovi, prikazna i vnimanie na detali, epizodata e smet. Serijata ja pocnav da ja gledam za toa, i po toa ke ja ocenuvam. Moeto mislenje ne e promeneto od 5ta sezona.
 
Дефнитивно најдобра епизода од оваа сезона. Уште од прва епизода, сезонава, имаше хинтови дека Денерис се претвара у татко и. Се понапорна и опседната беше со тронот, до тргнувањето во војна со Серси одма после војната со Најт Кинг. Не е 10/10 али е добра 8-ка по мене. За жал се заебав што прочитав еден текст као демек ликнато сценарио. Повеќето работи баш се случија. А мислев само некоја без врска теорија ќе биде. По ова денес, најверојатно и крајот што го пишуваше ќе биде тој. Си го заебав финишот на сезоната. Јеби га сам сум си крив. :)
 
Јас не разбирам од каде толку хејт, не зборувам само тука, општо низ нетот

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
Едноставно е. Пред неколку години трендот беше да почнеш да гледаш ГоТ за да можеш да кажеш и ти во друштво дека гледаш, да не си сам. Е сега откако гледаат и тие што треба и тие што не треба, трендот е да ја хејташ. И нема бегање од тоа, сезонава дури и да беше најдобрата до сега, пак истите ќе хејтаа толку, пак ќе си најдеа причини. Затоа што е кул да ја хејташ.

Иначе ако не знаете, откако ќе заврши серијата ќе пуштат и двочасовен документарец.
 
Оваа епизода ме напизди повеќе од прошлите.
сега ја гледав и поима немав дека напиздени биле по интернет

Зошто? Мене не ми беше лоша. Не ми се допаднаа некои работи како Џејми и Дајнерис но се на се подобра епизода од другите.
 
Koj da razbere mi vika
large.jpg
Знам дека со Берикот очекувавте да го стопи пола Најткинг дека е од мраз, а ова е оган и така функционира во реалниот свет. Сепак креаторите на серијата го немаат вашиот мастермајнд. :)
 
Знам дека со Берикот очекувавте да го стопи пола Најткинг дека е од мраз, а ова е оган и така функционира во реалниот свет. Сепак креаторите на серијата го немаат вашиот мастермајнд. :)
Tocno.
 
Едноставно е. Пред неколку години трендот беше да почнеш да гледаш ГоТ за да можеш да кажеш и ти во друштво дека гледаш, да не си сам. Е сега откако гледаат и тие што треба и тие што не треба, трендот е да ја хејташ. И нема бегање од тоа, сезонава дури и да беше најдобрата до сега, пак истите ќе хејтаа толку, пак ќе си најдеа причини. Затоа што е кул да ја хејташ.
Не сте размислиле на едно друго сценарио, дека квалитетот е пропаднат и дека ја хејтаме дека после 7 сезони ова срање ни го сервираат? Ниту читам редит, ниту сум ги читал книгите, ниту имам потреба да следам некакви трендови. Ја гледам од понеделник до понедлник 7 години по ред, без никакви теории плус на јутуб. Во која група ќе ме класифицираш?
Да беше од почеток ваква немаше да има никаков проблем, немаше да ја глеам и немаше да се појавам на темава. Ама еве после толку години глеање тука сме заглавени и фанови и хејтери.
 
Тирион влезе од грешка во грешка. Премногу пропусти за да може Дани да му верува за знакот за предавање на Серси.

Ми се допадна делот со Варис, во негов стил повлече неколку таинствени потези чии што ефекти сеуште не се познати.

Mad Queen it is TwoRcOk.gif
 
Pa prasanje e dali umre voopsto nekoj, gi pregazija i do momentot koga se predadoa, toa posle bese klasichen masakar.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom