Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Настрана цел идеализам што провејува во твојот пост, можно ли е една тв-серија да престане после три/четири/пет сезони и да чека 5,10, 15 години да се доврши оригиналниот материјал.

Ќе ја гледа некој после тие години пак, ќе памти некој нешто, ќе има било каква бизнис логика ХБО да се согласи на таков концепт?
Шерлок, X-Files.
За Шерлок се чека 2-3 години за 3 епизоди.
За X-Files се чекаше повеќе од 10 години за нова сезона.
И пак се релевантни серии.
 
Ќе ја гледа некој после тие години пак, ќе памти некој нешто, ќе има било каква бизнис логика ХБО да се согласи на таков концепт?
HBO ќе согласат и на снимање некое голден олдис порно со мајките на продуцентите - само ако има доволно пари во тоа! :)
Сериозно, ГОТ е сега веќе култна серија - нема теорија да не снима и следните 100 години - ако има доволно изворен материјал. Што всушност и требаше да направат и да снимаат по барем 3-4 сезони по книга. А ако алудираш на можни проблеми со кастингот во иднина - па промена во глумачката екипа може да биде само подобрување. Пошто сега имаат пари да ангажираат асални глумци. Плус имаш многу примери на екранизации кои продолжуваат и по многу години, и со разни глумачки екипи - Ѕвездените Војни на пример.


Аналогоијата не е баш адекватна со порно/вистинска жена. Правилно би било: имаш женска што многи ти се свиѓала но не си можел да ја имаш/си ја имал па си ја изгубил, а после си запознал некоја која личи на неа, не е сосем иста, малце е можда полошо издание, но сеуште е права „бомба“ спрема конкуренцијата на „пазарот“, што ќе ти фали и со неа.
Мојата аналогија можеби не е баш адекватна, но твојава тотално ја промашува целта.
Прво, разликата во медиумите. Книгата е како авторот во уво да ти шепка - ете да ти опишува како водиш љубов со убава жена. Од неговото мајсторство на раскажување, и од тебе, од твојата моќ на замислување останува да се внесеш во тоа колку што можеш во тоа.

Филмот од другата страна е, некој друг го слушал (читал) Мартин и сега тој посредник ти прераскажува (преку филм) како тој го доживеал дејствието. Но притоа е ограничен на можностите, финансиски и секакви (избор на глумци, локации за снимање, итн). За разлика од фантазијата на Мартин, која е бесконечна. На крај колку и да испадне добра таа адаптација, пак работата ќе се сведе на гледање визија на некој друг - а не на авторот уметник.
Или порно, со други зборови. Ќе гледаш секс, ама од милион фактори зависи дали барем приближно ќе разбереш што чуствуваат актерите.


Проблемот е што Мартин ги продал правата, знаел што го чека, и свесен бил дека крајот нема да му биде готов барем 10 години откако ќе почне да се емитува серијата.
Пак сега со правниов муабет.
Јасно е што направил Мартин, свесно, и јасно е дека се работи за пари. Но јас те замолив да зборуваме за поважна работа - квалитетот на серијата.

Еве отворено да те прашам: Зарем навистина претпочиташ дејствието на серијата која толку ја сакаш, да биде напишана од рандом сценаристи специјализирани за серии, под временски притисок, и под директива на бизнис секторот? Наместо од авторот уметник, без кој целата оваа серија воопшто немаше да се случи?
 
Vanlok, да не развлекуваме повеќе, секако нема да се сложиме и да дојдеме до заеднички став. Ти си ја прекинал за една сезона, мене ми е квалитетна за да ја догледам до крај.
Серијалот филмови Господар на прстените не е првата, но е досега најуспешната екранизација на Толкин, што не значи дека ќе нема подобри. Исто е и со Мартин, ова е прва, што не значи дека за 50 години нема некој да направи уште поамбициозен, пообемен и поквалитетен проект базиран на неговите дела.

Sent from my SM-G357FZ using Tapatalk
 
Еве отворено да те прашам: Зарем навистина претпочиташ дејствието на серијата која толку ја сакаш, да биде напишана од рандом сценаристи специјализирани за серии, под временски притисок, и под директива на бизнис секторот? Наместо од авторот уметник, без кој целата оваа серија воопшто немаше да се случи?
Само смешен лаик може оваа да го напише, да едначи филмски сценарист и писател па дури и на ниво испод да го става сценаристот кога се работи за филмска продукција... тоа уствари покажува колку сакаш да мантраш за ствари кои не ги разбираш.

Тие рандом сценаристи специјализирани за серии со причина се специјализирани за тоа, да се така лесно адаптираше сторија и пишан текст на филмско платно истиве немаше да постојат.

Еден сценарист треба да го визуелизира тоа што го пише или обработува, т.е треба да го прецизира, модификува проширува/крати итн. итн. за да има "real time" адаптибилност изработениот текст споредбено со расположливиот буџет, актерската екипа, времен карактер и се друго кога ќе го земе режисерот да го работи, нешто скроз различно од улогата и намерите на еден писател.

Држи се до тоа разиел што го пише, таму може да се расфрлаш со аналогии и да бидеш Шекспир, ова е нешто друго.
 
Не знам шо се напнавте толку.
Нити серијата е добра, нити Мартин е толку јак ко шо го кажувате.
 
Настаните од видеото со Давос претпоставувам се случуваат во првата епизода.

Зошто ли сакаат Торн и неговите лојалисти да влезат внатре, да го земат телото на Сноу. Една теорија е дека им треба како доказ да им го покажат на Болтон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom