Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Најголема иронија е фактот што да ги тепавме Хадерсфилд и Кардиф, два тима кои веќе беа отпаднати во моментот на играње, ќе делевме 3то место со Тотенхем и би играле ЛШ, евентуално би биле 4ти(не знам како стоиме со goal difference).
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Челзи и Арсенал ќе не исфрлеја
 

Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
290
Честито титула на комшиите

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Нека им е честито , боље они да освојат него Ливерпул , за некоја година кога парите од нафташиве ќе прекинат да им идат на сметка ќе си се вратат во championship. Друго ќе можеме уште да ги заебаваме на Ливерпул навивачиве :lolzz: Како им беше chantot "you'll never win the premier league"
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.597
Единствена позитивна работа од днешнава утакмица е што на крај на утакмицата, трибините беа скоро празни. Добар потег да видат ѕвездите колку се почитувани на Олд Трафорд после мизеријава нивна последниве месеци.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.742
Поени од реакции
1.170
Штета што оваа мизерна утакмица му беше опроштална утакмица на Валенсија. Заслужи многу повеќе.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Крај на сезоната како што и доликува на цела сезона.

Ќе почнам со позитивната слика од денес.

Светла точка е Гринвуд. Криво ми е што не ги искористи можностите, но видливо е дека има талент и потенцијал. Доколку го задржи Оле за следна сезона ќе мора да биде претпазлив со него и да му даде реална шанса. Дели во физикус во споредба со Чонг, Гомес и Гарнер кои мора да одат во Чемпионшип. Од друга страна доколку го пуштиме и Гринвуд на позајмица ќе се изнаигра во Чемпионшип и ќе се здобие со компетитивно искуство. Предности и недостатоци.

Негативности еден куп.
Од друга страна, имаме хаос во тимот и тоа што го пишав дека на 4 позиции ни фали првотимски квалитет, а потоа ни фали и квалитетна ротација.
Чим и денес не доби шанса Ерера да се збогува со тимот во стартни 11 или клупа ми мириса дека нешто смрди во релација Ерера-менаџмент и од тука да е пукната работата што резултира со негова неконстантност и пад на формата, а со тоа и врза атмосферата на тимот.

Не ми се свиѓаат и некои работи кај Оле. Прво од играчки вкус. Константното форсирање на Рашфорд кога е надвор од форма. Лингард исто така. А се глуми строгост со Марсиал. Продолжувањето на договорите на Џонс и Смолинг за кои се надевам дека е за да се продадат добро летово. Се труби постојано дека академијата е приоритет, а денес комотно можеше и некое дете од академијата да стартува на лев бек наместо Јанг.
Потоа формациски делуваме изгубено, без некоја кохезија во релација одбрана-средина-напад. Погба е единствено критикуван а кога има топка никој не му се ослободува да го проигра. Денес освен Гринвуд не видов никој да се движи без топка, во минатите натпревари апсолутно никој.
За крај не ми се свиѓаат изјавите дека треба трпение и не можеме за 1-2 сезони да стигнеме на врвот и да се бориме за титула. Тој е можеби реален, но се согласувам со коментарите too much excuses team на уште непочната следна сезона. Уште од сега се бара алиби за евентуален неуспех догодина. Тоа ми смета. И како утре ДДГ или Погба во рамки на трансфер период кој ќе биде тензичен за нив да речат „еј ние ќе останиме да се бориме за топ 4, а не за титули“ и би одбиле предизвик во Реал/Барса каде ќе имаат шанса за нивните кариери да ги реализираат со голем трофеј. Или пак некое големо засилување или млад потенцијал кој е баран од топ тимови би кажал „ ќе одам во Јунајтед за топ 4 да се борам“.
Се крева нивото на еден тим, можеби не преку ноќ, но Оле брат веќе си менаџер пола сезона и ги знаеш недостатоците и предностите најдобро отколку сега да почнуваш. Почни за најскоро време да ги пополниш критичните позиции со квалитетни поединци, ослободи го просекот во тимот, создади квалитетна ротација од млади, некое ново име и некој актуелен првотимец. Пеп во најголем дел стартуваше натпревари со минимум 7 негови нови играчи кои најголем дел ги доведе лани во едно трансфер лето. Ете ги кај нас ДДГ, Линделоф, Шо, Погба, Марсиал, Рашфорд. Доволен костур да се пополни со квалитет да биде конкурентен вгодина кога ќе ја имаме ЛЕ со помал напор.

Се надевам дека Оле ќе докаже дека има квалитет и ќе ги потврди зборовите негови кажани од САФ и нема да жалиме што ова лето ќе пропуштиме менаџер како Покетино.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Да се надеваме дека ова му е последна на погба ... со ништо не го оправда милионите кои ги вложија во него, арогантен, себичен, самобендисан ... да не кажам балотели во блага вартијанта, каде освен инстаграм, правење глупости и снимање на истите му се приоритет пред водење на тимот од играчки аспект. Од него се очекува да биде лидер, а не при прва искра да го тоне тимот пошто не му одговара на суетата. Никаква одговорност, би го шутирал уште утре, нека крши глава.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Сеуште неможиме да судиме за Погба кога цел тим на терен изгледа под просечно. Дај боже да склопиме добар тим ова лето, па да видиме како ќе делува во таков систем од следна сезона. Овие утакмици и Роналдо и Меси заедно да ги имавме во тимот ќе изгледаа исто како него
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Сеуште неможиме да судиме за Погба кога цел тим на терен изгледа под просечно. Дај боже да склопиме добар тим ова лето, па да видиме како ќе делува во таков систем од следна сезона. Овие утакмици и Роналдо и Меси заедно да ги имавме во тимот ќе изгледаа исто како него
Расколот во тимот го прави Погба, таков му е карактерот ... таков беше уште кога го шутна саф, а очигледно воопшто не е променет. Погба = Балотели, циган со тапија, ако не му идеш по кеифот, ондак ќе го гледаш како не игра на терен !!! Човекот за кешот што е платен треба да везе на терен, да мотивира, да трча дупло од другите а он игра во зависност од расположение.
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Сеуште неможиме да судиме за Погба кога цел тим на терен изгледа под просечно. Дај боже да склопиме добар тим ова лето, па да видиме како ќе делува во таков систем од следна сезона. Овие утакмици и Роналдо и Меси заедно да ги имавме во тимот ќе изгледаа исто како него
Есапиш колку време е Погба во Јунајтед? Удри математика што направил ќе ти биде јасно! Склопувавме и расклопувавме тимови, состави, мењавме тренери, уште климата во Манчестер не е сменета, на него никако да му се погоди.
Ако за де Хеја можам да најдам оправдување за падот во форма, за овој котел у никој случај.
И те молам не го ставај овој циган у ист контекст со Меси и Роналдо, навреда е тоа за фудбалот уопште!
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Доволно е да се согледа победата над ПСЖ и поразот од Кардив и се ќе е јасно, барем за мене.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Бидете реални во очекавањата, ДДГ може ќе го држат заложник и сезонава, Погба ќе си оди, тимов ќе се распадне-распродаде.Најверојатно ќе ни се случува 2рата сезона на ЛВГ, кога не натепа Оле со млади и просеци ко Дармијан.Огромен плус ќе биде ако не заспиваме на утакмиците ко тогаш ...

ПС: Прочитав дека Дракслер не го сака директорот на ПСЖ а и се скарал со Нејмар, можеме да го зееме за cut-price, мислам дека можеше да игра десно крило.Или ќе се ротира во предниот дел.Заедно со Мение да се испразарат нема да е лошо.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Што да се каже по една вака мочана сезона?! Трката за титулата ја губиме уште во 1/3 од сезоната и после во стилот топло-ладно со пуста надеж дека ете можеме барем до топ 4, за на крај да се изнамочаме на сета историја и традиција на клубот и да завршиме на 6-то место со ми се чини најмизерни изданија во последни 2 кола од кога сум за клубов.
Јас сум за да му се даде време на Оле, едно 3 сезони секако. И САФ не направи успех преку ноќ така да трпение малку. Како што во гомна не се влегува лесно, исто лесно не се излегува. Сигурно и ќе се советува со САФ за некои потези што треба да ги повлече. Јас сум за да се намалат очекувањата и императив да биде пласманот во ЛШ. За трка за титула треба реално да си машина како што беа Ливерпул и Сити сезонава. Најпрво од се, чистење на Погба и Санчез. Со тие пари може да се пазарат добри 4-ца, нека се и помлади таленти, битно да се желни за докажување. Треба да се реши и статусот на Де Геа. Факт е дека е злато голман ама не е клучен дел од градењето на тимот во иднина. Она што ни треба е здрава основа во трите линии во тимот врз која ќе се додаваат екстра решенија следните години. Лукаку би го зачувал, голем работник е и ако позади него се среди тимот, може да испорача 20+ гола без проблем. Клучното е десно крило, централен командант и ОДБРАНА!!! Без одбрана ништо не правиме, па не знам и каков напад да имаме.
Најбитно од се што е потребно е враќање на дисциплината во екипата и давањето 110% на тренинзи и натпревари. Она што ни се случува последниве сезони прво е од психата кај играчите, а тек после од играчките решенија. Не пратам толку што има помладо за пазарење низ Европа или надвор ама редно време е и скаутиве во клубов да се ангажираат повеќе и да најдат нешто налик на Руни и Роналдо на времето. 2-3 добри трансфери мислам не делат од враќањето на добрите игри и победничкиот менталитет.

Со повеќе среќа и победнички дух се гледаме следната сезона! Кога и да е ќе се вратиме каде што ни е местото. Не може летаргијава вечно да трае :LOL:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
3сезони да му се дадат на Оле хихи.
Не зезајте имате ли живци да чекате 3 сезони?
Мислев 3 сезони за да сме конкурентни за титула до последни кола. Дотогаш секако мин. топ 4 да сме и тоа да е решено до пред 4-5 кола пред крај, а не да стравуваме до последно. А твоите очекувања кои се?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom