Саем на книгата

Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Друштво, саемот отвара од 10 часот или грешка сум???
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Саемот годинава ич не ме бендиса. Не ги ни потрошив парите што ми беа планирни за книги, за разлика од лани кога 2 пати идев да докупам.

Ѓурѓа каква глупост си направија, до сега не ги купував ама застанував на штанд, денес ми се згади кога го видов штандот и на безбедна далечина поминав од нив. Сигурен сум дека не сум единствен. Не сакав да му го видам ликот на пресветиот.

И друго што многу ме нервира во последно време е што на секој штанд буквално има по неколку бестселери. Па и тие што работат, ова е бестселер, она е бестселер, ова е од авторката на бестселерот. Досадно станува, не ми е гајле дали е бестселер или не.

Инаку, ова го немат споделено уште, не сум сигурен на кој штанд ми го дадоа. Ја пробав апликацијата, си го искористив и ваучерот за бесплатна онлајн книга. Добра е апликацијата, иако е сѐуште прилично багирана. Првин не ми прати лозинка на маил па морав со Gmail акаунт да се регистрирам, после има проблем со враќање назад кога ќе влезам да видам извадок од некоја книга, некои книги се нечитливи (текст врз текст), ама ќе ја средат се надевам.

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.263
Поени од реакции
2.260
Инаку, од Горан Стефановски никаде ништо не најдов, а прашував. Да не видел некој некаде да има?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Него, не чуди од кај црпи „Ѓурѓа“ средства за толку добро да се позиционира на саемот? Мислам дека малку луѓе ѝ ги купуваат писанијата, па ете виреат во секој супермаркет, имаат штанд на факсовиве...
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Голем плус за Антолог и ПНВ, имаа акции,попусти и многу љубезни луѓе на штанд. Исто и жената на штандот книгоманија беше фина. (y)
Сепак слаб саем некако.
20190511_221827.jpg
Него, не чуди од кај црпи „Ѓурѓа“ средства за толку добро да се позиционира на саемот? Мислам дека малку луѓе ѝ ги купуваат писанијата, па ете виреат во секој супермаркет, имаат штанд на факсовиве...
Баш напротив мислам дека многу луѓе што не ги знаат се залетуваат и купуваат од нив поради ниските цени.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.739
Поени од реакции
36.632
Голем плус за Антолог и ПНВ, имаа акции,попусти и многу љубезни луѓе на штанд. Исто и жената на штандот книгоманија беше фина. (y)
Сепак слаб саем некако.
Прегледај го приврзокот 208849

Баш напротив мислам дека многу луѓе што не ги знаат се залетуваат и купуваат од нив поради ниските цени.
Музеј на невиноста од Книгоманија ја зеде? А ја барав, ја немаше. :(
 
Јас мислам дека веќе една деценија се шири информацијата дека Ѓурѓа е дно од издавачка куќа, што од нас, поупатените, што од оние што се имаат изгорено со по некој купен наслов. Сепак за таков шит што го продаваат, малце ми е чудно како може да си дозволат толку голем штанд скоро во центарот на халата.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Музеј на невиноста од Книгоманија ја зеде? А ја барав, ја немаше. :(
Да од таму ја земав, имаше два примероци кога бев јас едниот го земав јас и остана уште еден. Многу малце книги имаше од табернакул и тоа беа по една или две книги.[DOUBLEPOST=1557611053][/DOUBLEPOST]
Јас мислам дека веќе една деценија се шири информацијата дека Ѓурѓа е дно од издавачка куќа, што од нас, поупатените, што од оние што се имаат изгорено со по некој купен наслов. Сепак за таков шит што го продаваат, малце ми е чудно како може да си дозволат толку голем штанд скоро во центарот на халата.
Па според мене огромен дел од читателите не се информираат за книгите и издавачите во македонија. А секогаш имаш и луѓе гледаат да поминат поефтино и ги разбирам нема секој можност, но има и луѓе(обично тетки читателки сите сте приметиле) кои товараат куфери книги а не знаат ни што купуваат ни од каде битно се чита, после следи објава во фб групи: сликнете ми ја 128 и 244 страна фалат; Приказнава само мене ми беше како нецелосна? и слично.
Немаме многу квалитетни издавачи во Македонија ама нема ни многу квалитетни читатели!
 
Последно уредено:
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.435
Поени од реакции
5.468
Дали има да се купат епски фантастики, научни фантастики, хорори и зашто нема?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Аман еј, сите со децата дошле, не можеш до штанд да се добереш. Качи го детето на ушка па шетај.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Каде можам да најдам стрипови на саемот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom