Дали крајот тебе ти остави таков впечаток? Мене ми остави повеќе впечаток на импровизација. ЛОТР јас лично ја доживувам како епска приказна со многу повеќе фантастични елементи во себе споредена со ГОТ и пак од аспект на воена тактика имаа повеќе смисол битките.
Јас неам против што Дотраките беа покосени туку начинот на кој се беше направено делуваше аматерски, кога сакаш во исто време да спакуваш повеќе настани во пократок временски интервал а во исто време да ја импресионираш публиката добиваш импровизација. Баш дека ова требаше да биде најграндиозната битка бар две цели епизоди требаше да бидат посветени. И не мораше 90% од времето да биде акција со Џејсон Борн камера.
Не ми остави, поради недостатоците во приказната, во следот на настани кои ни ги пренесоа во текот на епизодата и колку тие соодветствуваат со историјата, личните карактеристики и мотивите на ликовите кои беа дел од нив, а не поради некои недоследности и нелогичности во контекстот во кои настаните се одвиваат. На кратко, ми пречи што дејствието отиде во насока на безнадежен, очајнички, last-ditch effort на одбрана група на херои, кои во последен момент го менуваат исходот на битката и што најт кинг е симплифициран, безумен архетип на злото без очигледна мотивација, а не каде била поставена коњаницата и катапултите, дали тактиката била соодветна и со каква технологија за одбрана од опсади бил опремен Винтерфел.
И да, се согласувам дека тие проблеми со приказната се резултат на импровизација и тука ставовите ни се поклопуваат. Колку повеќе шоуто се одалечуваше и го одминуваше изворниот материјал, толку повеќе продуцентите и хбо добиваа слобода во обликувањето на приказната и слобода да импровизираат. Преведено во јазикот на таа индустрија, да импровизираат имајќи ја во предвид публиката, а не интегритетот на делото.
Не ми беше намерата да ги споредувам битките од LOTR и овие од GoT, особено што, субјективно, имам јасен фаворит. Поентата ми беше дека во скоро секоја битка преставена на екран можеш, во помала или поголема мера, да најдеш нелогичности, меѓутоа тие немаат пресудно влијание врз генералната оцена за квалитетот на целото дело и впечатокот кој гледачот го добива за него. Уствари, има минорно влијание. Затоа, јас не замерувам за нешто што е стандардна практика. Визуелна уметност е, побитна е рекацијата на гледачот на сцената, отколку прецизноста на описот. Вистинските битки биле многу побавни, подолги и пополни со неинтересни секвенци, од тоа што филмот може да ги прикаже. Може која сакаш битка на филм да ја анализираме, скоро секаде ќе ги најдеш тие ситници. Тешко е и да му текне на човек, места каде тие се сведени на минимум. Први што ми доаѓаат на памет се, еден дел од епизода од Rome на HBO, каде единствено се правилно прикажани тактиките и организацијата на римските легии, Saving Private Ryan делот од нападот на omaha beach и битките во Band of Brothers. Последните две се правени по сведоштва на преживеани, што доволно кажува колку е тешко да си целосно доследен.