Сфаќам, делува несериозно од аспект на storytelling, на што и јас замерувам. Од друга страна мислам дека вие се фокусирате на небитни ствари, на нелогичности и недоследности во битката. Нешто што е присутно во секоја екранизирана битка, без разлика на историски период и жанрот.
Сепак ова е уметничка форма, не е документирање на настан. Најголем дел од публиката, огромно мнозинство, не ја интересираат средновековни воени тактики, туку шок валјуто на настанот. Продуцентите и режисерите ги интересира какви емоционални реакции ќе предизвикаат кај публиката, не дали ќе им замери некој воен историчар. Јас би преферирал да нема никакви лапсуси во такви сцени, ради интересот кој го имам за таа тема, ама не можам да замерувам ако ги има. Покрај логистиката, буџетот, приказната која треба да ја раскажат, тоа не верувам дека им е високо на листата на приоритети.
Сцените што погоре си ги дал како пример, се напишани од Мартин, човек кој го има создадено овој свет во својата глава, кој ги пишувал книгите повеќе од 10 години и кој има фасцинација со средновековната историја, вклучително и воената историја. Битките како онаа во whispering wood и копнениот дел од blackwater bay не ни беа соодветно екранизирани, ни во моментот кога биле пишувани биле наменети за оваа публика, која ја има сега шоуто. Им поставувате стандард што беше очекувано дека нема да го исполнат.
Оваа битка требаше да биде кулминација на приказна која се развива седум сезони, ако беше целосно доследна на средновековниот сетинг, требаше целата армија на живите да се повлече во утврдениот замок, а зомбињата да ги поминат следните години во градење siege towers, катапултирање на мртви домашни животни преку ѕидините и копање на тунели под темелите на винтерфел. Колку ќе уживаше просечен гледач на шоуто во таков расплет? Многу подобро е да пуштиш самоуверени дотраки да изгинат за 30 секунди.

Плус, ако човек ептен цепидлачи, замерки можеш да најдеш за секоја битка. За мене, helm's deep и pelennor fields се најепските битки преставени во филм, колку е логично цела коњаница да се движи под агол од 90 степени, или да наредиш full frontal charge на roided мамути, кои ти ја прават партали цела армија?

Ама не верувам дека тоа битно влијаело врз впечатокот кој овие битки го оставиле кај гледачите.
Мене лично многу повеќе ми смета што, дејствието го губи моментумот кој билдап-от од претходните 7 сезони, полека го изгради.