Anticlimactic, ќе останам на тоа засега, дури не заврши цела серија, во надеж дека ќе ја оправат приказната во следните три епизоди. Иако, тоа ќе биде одење по потешкиот пат.
Вакво просерување на главната тема на целата приказна (првата сцена е со white walkers, и целиот наратив во сите претходни сезони упатува на кулминација каде они се главна тема), само за да се трансформира приказната назад во средновековна политичка драма со female empowerment лајтмотиф, е во најмала рака разочарувачки. Ако поентата на целото шоу беше политичка драма во средновековен сетинг, немаше потреба од ниеден елемент од fantasy жанрот. Средновековната историја е полна со подобри прикзни, од оваа за iron throne-от. Каква поента имаа ww и најт кинг, змејовите и се останато.
Јас уште се надевам дека ќе ја свртат приказната некако преку Бран, и дека најт кинг е спореден лик во неговата приказна, а не спореден и непотребен лик во целата приказна. Three eyed raven некако да ги поврзува сите loose ends на приказната, да биде прикажан како некаков арбитар и медијатор помеѓу двата натприродни ентитети, lord of light и другиот, кои се алузија на религискиот дуализам. Некој што треба да одржува баланс или слично. Можеби Мартин дел од инспирацијата ја влече и од историјата на религијата, покрај средновековната историја. Барем да биде заокружена приказната.
Ако не, за жал, ова што го сервираа епизодава е куп ѓубре. Честитки за режисерот, барем го извадил максимумот од материјалот што му го дале за работа.
Не знам зошто толку замерувате за нелогичностите во битката. Тоа често се случувало во текот на цело шоу. Battle of the bastards беше подеднакво нелогична. Не е главен фокус ни на продуцентите, ни верувам на публиката, дали и колку битките се реалистични. Мислам дека публиката најмалку замерува за тоа. Плус, тешко е да најдеш битка преставена во филм или серија, во која се внимава и на деталите и доследноста. Гледачите, најчесто, не ги интересира тоа.