Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Како што видов уште ја нема во HD така што ќе почекам уште некој час можеби ќе се појави и таков торент.
 
Brace for impact...100 пораки во ПП сега :D Иако за некој саат е и официјалната епизода, повеќето веројатно подобар квалитет ќе си чекаат.

Поубаво ми е неделно попладне на раат одморен, отколку утре понеделнички мамурен, после работа.
 
Една од најлошите епизоди во серијата. Штета што дури и во ситуација кога потрошија толку време за продукција на последната сезона со многу мал број епизоди се случуваат вакви работи.

Дијалогот помеѓу Арја и Гендри кога и објаснуваше за армијата на мртвите :facepalm:
 
Ова требаше да биде прва епизода, а првата беше комплетно непотребна. Нормално е да има ваква сентиментална епизода пред пола ликови да умрат наредната. Емоции, флешбекови, кој каде почнал и каде е сега пред да умре и така...мене лично ми беше ОК епизодава.

Дијалогот средно жалосен, помалку one liners фала Богу. Секако задолжителната сцена со Мисандеи и Грејворм кога се жртви на расизмот во Винтерфел...oops_the food_rations_are_gone.png
 
Последно уредено:
Подобра од првата. Се почувствува стравот, исчекувањето, неизвесноста... Тормунд и неговиот Guardians of the Galaxy хумор отскокнуваат од целото тоа сивило. Ајде уште една епизода и Дени ќе излезе од ПМС. Аман веќе. Сите ќе умрат, таа престолот па престолот.

Песната добра.

Следна епизода, "биќе рата".

Живели.
 
Епизодава беше баш океј, со по некој хумор. Ајде наредна ќе спиеме понеделнички, вака цел ден за никаде, легни во 12/1, стани во 3, па пробај да заспиеш, па во 7 на работа :confused:

Него покрај Берик што го спомна, треба да има некое појавување или пиздарија со д лорд оф лајт. Ако остане вака до крај чуму цела таа прича...
 
Барем дознавме која е целта на инвазијата на Night King
 
Барем дознавме која е целта на инвазијата на Night King

Па не баш...ок, сака да го елиминира Бран за да го избрише минатото и сите сеќавања, историја итн итн. Зошто? Што добива со тоа? Зошто е негативец, кој му е мотивот? Претходниот ко Бран, Bloodraven, живееше многу поблиску, зад Ѕидот, веднаш до Night King и тоа стотици години...зошто чекаше Night King да дојде Бран и да ја добие таа моќ па да мора да го урива Ѕидот и краде змејови за да оди по Бран наместо да го сече проблемот од корен и да го елиминира учителот? Сигурно не му примарен мотив Бран, ваљда има некоја to-do листа за тотален колапс и Бран е на истата.

Некако неубедливo ми е backstory-то за Night King досега...бил обичен човек трансформиран во white walker од страна на COTF и сега е негативец...Се надевам нема да остане на experiment gone rogue сторијава.
 
Мислам дека поради магија беше невозможно да се доближат до триокиот гавран иако беше сместен на север, но од оној момент кога го допре Бран таа заштита се урна.
 
Мислам дека поради магија беше невозможно да се доближат до триокиот гавран иако беше сместен на север, но од оној момент кога го допре Бран таа заштита се урна.

Ок, имаш право, заборавив дека пештерата имаше заштита пред Бран да споебе се. Сепак, во моментов Night King е злобен just for the sake of it, му фали најосновната примарна мотивација зошто прави бељи, зошто сака вечна долга ноќ, зошто сака да испоубие се живо итн итн. Премногу еднодимензионален black and white лик е, ваљда затоа што досега не сме имале шанса да ја видиме неговата страна на приказната. Тоа дека само поради Бран е целава фрка не ми држи вода...на почетокот кога стана white walker немаше 3ER, која му беше мотивацијата да биде негативец тогаш? Моментално се прикажани на The Walking Dead ниво, а знаеме дека white walkers (не зомбијата) се интелигентни битија со планови итн...затоа велам, не ми беше целосно објаснета позадината со тоа што Бран го рече епизодава, се надевам во последните 4 ќе добиеме целосна слика. Би било разочарувачки да останат на тоа experiment gone rogue што го спомнав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom