Извини што му фали на Раџа Нинџа? 23 натпревари, 4 гола и 3 асистенции, Интер е пред е Рома за разлика од лани, немој дербиво да ве брца уште толку ќе го јадете.
Немој да ми кажеш дека Рома е ослабена ради тоа што си отишол виртуозот Скорпуски и диригентот Стротман...
Ништо не му фали, ама не испадна трансфер на векот како што викаше Стекот, купивте играч за 36мил на 30 години, кој успеал да одигра 23 натпревари и постигне 4 гола и 3 асистенции
Тоа што Рома е ослабена не директно кривица што го дадоа Најголан, си отидоа и Стротман и Алисон Бекер, купија играчи кои потфрлија и оние стандардните веќе потфрлија оваа година(Фазио и Џеко), нормално во години се, ваков Најголан немаше сам да ја смени ситуацијата на табелата во никој случај, до лани играше по 40+ цели натптевари, оваа едвај 20 со измени. Муабетов ми е далеку е од трансфер на векот, на страна фактот што ни дадовте млад играч, потенцијална ѕвезда кој веќе има 6 гола и две асистенции во дебитантска сезона играње прогесионален фудбал[DOUBLEPOST=1555748811][/DOUBLEPOST]
Од аспект на тоа како е земен друже, за младинец + Сантон и 20 и кусур милиони. Јас не велам дека не утнав/ме во проценката за Раџа, односно не во проценката него дека не покажа ништо во Интер оваа сезона, ама лани летото верувам дека не постои човек што не би го земал Раџа под тие услови. Јебига не сме баба Ванѓи сите па да знаеме кој ќе успее кој не.
Од друга страна за 34 годишен играч 100м и огромна плата за мене не е исплатлива инвестиција, а дали ќе сум во право или не ќе видиме откако ќе си отиде од Јувентус, сега џабе ќе лупаме во празно.
Океј тоа, реално ти кажав јас уште тогаш, поголеми беа шансите Раџа под Спалети да ја повтори сезоната(2016-2017) во Рома под Лучијано каде постигна 14 гола и мислам 9 асистенции, а од друга страна очекував од Заниоло да има позајмица во Сасуоло каде во најдобар случај ќе станеше играч од 10мил, просек за екипа како Самдорија, како овие Бенаси, Базели итн.. али ја спомнав и онаа помалку очекуваната варијанта каде кажав дека Раџа е проблематичен, каде покрај тоа што ја сакаше Рома, правеше глупости, беше казнуван и си ќутеше и си викав дали Спалети ќе биде доволен да ја држи професионалноста во него, плус каква мотивација ќе има оти си отиде од тимот што го сака, па си викав можеби ќе почне полека да си го лади. А од др6га страна кажав Рома ќе биде во голем плус доколку од тој младинецот испадне нешто посебно... сега за сега работите одат во таа насока, али не ја исклучувам можноста Заниоло од наредната година да биде непрепознатлив иако сите му предвидуваат светла иднина, едноставно многу такви млади талијани со светли иднини ги нема никаде, во последните 10-15 години 80-90% од таквите не направиа кариери какви што им предвидуваа, затоа сум внимателен и со Заниоло