Ми се допадна епизодата.
Ги опфатија сите ликови, си направија каков таков муабет и Грејџој ја ебеше кралицата. Веројатно тој е најзадоволниот човек во Вестерос сега, Серсеи секако не изгледаше така.
Дани отсекогаш ме живцирала, и сега го прави истото. Ама сестра ти не ме сака, искарај ја. Ок.
Санса ми е еден од омилените ликови, таа цела траекторија на ликот нејзин ми се допаѓа и се надевам дека ќе ја има во крајните епизоди.
Наредна епизода не верувам да почнат со битката, пак ќе има дрн дрн муабети и политики глупи, третата епизода ќе биде масакарот. Ако треба да типувам на неколку фаци што мислам дека ќе одат во таа епизода, Џејми и Бриен, Џора, Тормунд, Берик.
До крај желба ми е да има бар пола епизода посветена на Вокерите, како, што зашто. Дали со визии на Брен, дали со визии на Ноќниот, не ми е гајле, само да се разреши нивниот прашалник.