За да не те маваат флешови и да те замара што ти прави бившиот, фино лепо го блокираш на се што имаш од социјална мрежа. Типот те шутнал, ти се замараш он што правел во животот. Нели малце е тоа самопонижувачки и си покажуваш дека сама не се цениш, а камоли некој друг да те цени?
Ти и двеста посто да си давала за една врска да успее, џабе ако другиот не се замарал. Некогаш и двајцата се замараат, па пак не бива и не штимаат работите. Врските тешко успеваат и се одржуваат, помири се со тоа. Не секој втор може да ти биде партнер, затоа нема што да се разочаруваш од машки пол, не се сите исти, има и полоши.

Посвети се на себеси периодов, иде топло време, дружи се со фаци што не ти е тешко да им глумиш дека ги слушаш, најди си ново хоби, едноставно работи на твојата самодоверба, а не да мислиш на бивши и да си ја смалуваш.
Секоја промена, дали на добро или на лошо, накрај секако е добра, зашто барем ти ја менува рутината. Ова за работата е друга тематика, нема што да бараш совет за тоа, сама си знаеш дали сакаш да одиш или не, на тебе си останува.