Next Time

Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Ги почитувам многу затоа што знаат да запеат и стари македонски,патриотски песни.
NEXT TIME - Учи ме мајко, карај ме

NEXT TIME - Што да правам, што да чинам
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Интервју со Некст Тајм за школскиот весник Тафтологија на СУГС "Јосип Броз - Тито", Скопје



Некст Тајм е дуо оформено во 2008 година и е составено од Стефан и Мартин Филиповски. Зад нив веќе стои албумот насловен “Некст Тајм”, настапот на Евровизија во Москва 2009, како и многу хит синглови и награди. Во моментот се актуелни со песната “Рамо за плачење” која е авторско дело на Лазар Цветковски (музика и аранжман) и Магдалена Цветковска (текст). Во подготовка е вториот албум кој треба да излезе на крајот на 2010 или почетокот на 2011.

Тафтологија: Најромантичниот гест што можи некоја особа да ви го приреди?
Некст Тајм: Не е ништо материјално само да биде од душа и срце.
Т: Ако имате шанса да се вратите назад во времето дали би измениле нешто?
НТ: Веројатно би ги поправиле сите грешки и неискусни потези кои сме ги направиле во минатото. Ќе знаеме кои луѓе ни мислеле добро, а кои не.
Т: Што ве држи будни навечер?
НТ: Немаме некоја голема навика да седиме будни премногу касно. Некогаш седиме на компјутер, гледаме филмови или пак сме излезени со друштвото така да тоа е тоа. Сакаме да гледаме премногу ДВД концерти од различни изведувачи, па некогаш знаеме да заглавиме гледајќи некој концерт.
Т: Најважен (или најомилен) момент од вашата кариера?
НТ: Настапот на Евровизија во Москва и враќањето од истата кога на аеродромот и пред нашето маало не пречекаа премногу фанови и луѓе кои што сакаа да ни оддадат во тие моменти почит и внимание. Секако и концертот што го оддржавме во Универзалната сала. Верувајте сето ова ни е уште послатко со оглед на тоа што од почеток до ден денес сами се бориме за се.
Т: Без кого не можете да живеете?
НТ: Без нашите блиски. Нашето семејство, нашата мајка, нашите браќа и без нашите пријатели од детството па се до ден денес. И секако без сите наши фанови. Да ги нема нив ќе не снема и нас.
Т: Омилен македонски композитор / текстописец?
НТ: Има премногу добри компоситор, меѓутоа од оние со кои сме работеле, Лазар Цветковски. Премногу е добар и скромен дечко пред се, а да не збориме за музичките квалитети. За текстописци па еве добро. И на Стефан добро му иде ја напиша најубавата песна на Некст Тајм Не верувам во тебе, така да.. Матин убаво компонира музика. И така доста е фалење.
Т: Верувате ли во хороскоп?
НТ: Не премногу. Некогаш си викаме ајде бе ништо не губиме да веруваме!
Т: Со кој би сакале да се заглавите во лифт?
Стефан: Јас би сакал да се заглавам во лифт со некоја девојка која исто така ќе сака да се заглави со мене. За во случај да биде еднострана желбата да не ме клевети дека сум ја закачал.
Мартин: Во лифт би се заглавил со некој што ќе знае да не одглави. Нели за да може побрзо да излеземе. А ако биде девојка ќе искочиме на кафе.
Т: Која е вашата најголема неостварена желба?
НТ: Да наполниме еден голем стадион на наш концерт и да успееме надвор од Македонија.
Т: Најтешка животна одлука?
НТ: Што да бидеме фудбалери или музичари. Да се надеваме дека подоброто го избравме!

М.Ј.
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
245
Поени од реакции
9
"Некст тајм" снимаат спот за на "Ем-ти-ви"



Близнаците од дуото "Некст тајм" снимија нова песна. Станува збор за темата "Убава", за која веќе го започнаа и снимањето на спотот, кој го режира Ѓуле.
"Песната е малку поинаква од она што досега сме го снимале. Спотот веќе се снима. Видеозаписот ќе изгледа светски, затоа што во план ни е да го пратиме на Ем-ти-ви", велат Мартин и Стефан.
"Некст тајм" на 10 јули ќе имаат настап на "Славјански базар", а во конкуренција ќе им биде и балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.
Во меѓувреме, близнаците работат и на нивниот втор албум кој треба да излезе до крајот на годинава. (А.Г.)​

Извор: http://vest.com.mk/?ItemID=3CF3B25B48116D46AD94D1A55961294D
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Next Time - Ramo za placenje (acoustic)

Next Time - Na krajot od denot (acoustic)

Next Time- Secrets (One Republic cover)
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.789
Поени од реакции
39.954
Порано не ми се свиѓаа браќава, ги серев ептен :D ама со последниве три проекти ептен добија на популарност. Ми се свиѓаат сите преработки што ги направија, плус спотот е прејак. (y)

Ептен ми беа јаки кога дојдоа пред трибина пред запад, лани мислам дека, и пробаа Слушам кај шумат шумите да ја пеат според нивната преработка полека, а цела трибина си ја цепаше онака како што ја знаат сите, и виде не виде братов само напраи со раката fuck it, и продолжи со нас. :D
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Некој пробува да натепа прегледи користејќи ја ситуацијата со името. А нит знаат нешто за тој човек, нит знаат за што се борел итн...

 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Контраверзна личност нема што...
Претходните неколку преработки беа стварно одлични без да има потреба за контраверза. Не им го разбирам гафот сега што го направија, освен ако спотот не им е спонзориран од Каракачанов и баграта. Па од толку убави македонски песни тие за оваа се фатија за преработка.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Треба и оваа да ја преработат, ако сме реални нај си беше Борис Дрангов


полковник Борис Дрангов, стар Скопјанец и вистинска легенда од балканските војни и прва светска војна. Се тепал со Турци, Срби, Англичани и Фрнацузи
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Куп говна.

Крв од уши потекуе од песнава.

Ај идеолошки и историски...глупи деца, шо разбираат...ама музички, оф мори мајко...

Коа ќе згрмеа старине "Земјо македонска" да се наежиш....ова ко пубертетлија да цмиздри дека не му дале да излезе од дома.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.131
Поени од реакции
13.258
Де бре и ова најдовте ли да го оцрните. Песната е чисто ремек дело... Се сметам за тежок критичар и не почитувам тралајки песни, иако цела естрада е полна со тралајки песни, па затоа и сфаќам да се просере по Влатко Лозановски, Дупер или други изведувачи што активно прават музика последниве години, и голем дел од песните се само радио хитчиња, ама за овие етно преработки на Next Time како ви се кења не ве сфаќам... Преработуваат песни што се заборавени во историјата, за да им се поблиски до новата генерација, за да им се пренесе традицијата на нашиот напатен народ, преку модерен вокал и звук. Феноменално звучи, феноменално изгледа спотот, ова ќе остане, браво.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom