Фановите на Некст Тајм во хумана акција
Oваа успешна година на Next Time Fan Club-от членовите на истaта ја одбележаа покажувајќи ја нивната хумана страна. Заокружувајќи ја првата година од постоењето и заедничка работа фановите на Next Time решија освен што и понатаму безрезервно ќе ги поддржуваат Next Time, да започнат и со мали, но значајни хуманитарни акции.
Во петокот(19.03.2010.) во Скопје во домот на АРМ се одржа хуманитарен концерт за децата со песбни потреби под мотото „Сите имаме едно срце“. Публиката ја забавуваа Next Time, Дарко Илиевски, Ноне Неделковска, Паркети, Влатко Лозановски и други македонски естрадни уметници, С.О.У. Иднина-Чаир, Гимназија Нова и секако дел од овој коцерт беа и членовите на Next Time Fan Club кои освен што донираа со купување на влезници, направија и уште еден хуман гест.
-На децата со посебни потреби им подаривме скормни подароци кои ги купивме со сопствени средства, сите заедно вложивме по малку, а ја постигнавме нашата цел. Вложивме малку материјално, но бескрајно многу љубов, искреност и желба да ги видиме насмеани и радосни сите деца присутни таму. Беше тоа мал чекор за нас, но голем предизвик со навистина племенита придобивка. Придобвика од сето тоа беа задоволните и неизмерно благодарни деца, меѓу кои беше и малечката Анамарија Властимирова која боледува од ретка и тешка болест. Успеавме да и го направиме овој ден поубав, повесел исполнувајќи го со музика и скромните подароци.
Ја покажавме нашата хумана страна, ги израдувавме сите тие дечиња, измамивме насмевка на нивните лица, а Анамарија ќе ја запаметиме како едно благодарно девојче, кое успеавме за миг да го отргнеме од секојдневните грижи, плод на нашето прво хумано дело и секогаш ќе бидеме тука за неа и другите деца.
Нека биде ова апел и мало потестување до сите дека некому сме навистина потребни. Ние ја постигнавме главната цел на нашето присуство таму и докажавме дека и ние најмладите знаеме што е да се биде хуман и да се помогне каде што е најпотребно.
Да се изнуди насмевка или радост кај некого е предизвик за секој човек!
Рамо за плачење на Next Time и како видео-приказна
Спотот на Next time за новата песна со наслов Рамо за плачење, е веќе готов и спремен за промоција. Снимен е по диригентство на Ѓуле, во одлична атмосфера и со цел тим.
Се снимаше на неколку локации: градски парк, Дебар маало, Т.Ц. Соравија и завршивме во ресторанот Воденица, каде се направија финалните кадри. Во спотот се појавува нашата Пенелопе Круз, т.е. струмичанката Марија Андоновска заедно со Јанко Смилевски – велат од тимот на близнаците, и ни праќаат две фотографии од спотот!
Ова е четврта песна на Next time за нивниот втор албум, кој е во подгтовка и се очекува кон крајот на оваа или почетокот на 2011 година. Се верува дека оваа балада ќе стане одличен хит, како и нивните претходни песни и дека ќе остави голем впечаток на нивната публика и обожаватели, кои eдвај чекаат да ја слушнат и го погледнат спотот на истата.
Промоцијата на истиот ќе се случи наредната недела во еден од нашите локали, со посебно сценарио на самата и спонзори кои ќе придонесат со своите производи…
Секако дека ќе добиете ексклузивна информација во врска со нивната промоција – велат Next Time...