Next Time

P

PewDiePie

Гостин
Ги почитувам многу затоа што знаат да запеат и стари македонски,патриотски песни.
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
245
Поени од реакции
9
Ниту едни тропски или, пак, места кои те наведуваат да мислиш само на материјални нешта и трошење многу пари, пиење во дискотеки, возење убави автомобили не можат да го заменат нашето село. Отидете таму, почувствувајте го воздухот на Македонија и нема никогаш да зажалите...



Нашето најубаво патување се случи токму по Евровизија. Помалку изморени од целата таа фама наречена Евровизија посакавме да отидеме некаде далеку од очите на јавноста и да се одмориме, па затоа решивме да го посетиме местото каде што живее нашиот татко. Местото каде што шетајќи низ полињата и шумите можеш да го слушнеш вистинскиот звук на нашата татковина Македонија.



Сите оние певливи врапчиња и блескаво сонце ни дадоа мир во нашата душа и ни овозможија одморени да отидеме во Москва, каде што имавме преголема одговорност и желба да ја претставиме Македонија во најдобро светло.



Пристигнавме во раните утрински часови, а веднаш штом го паркиравме автомобилот малку подолу од сред селото и од нашата куќа не здогледа едно чупенце :) (кажано на битолски) и ни пријде за да се слика со нас.



Веднаш знаевме, а едно видело цело село ќе дојде да види :) Но тоа не ни беше проблем затоа што ние секогаш сме расположени за комуникација со нашите фанови.



Оттаму се упативме кон нашата куќа, каде не чекаше татко ни Никола. Следуваше куса прошетка по куќата, кус одмор и ете, се слушна глас: “Чичко Коле може да ги викнете Некст Тајм да се симнат да се сликаме”, :- ) Сите деца од селото кои, за жал, можат да се избројат на прсти чекаа да се запознаат со нас :).



После некое време заедно со татко ни и браќата Горан и Филип отидовме малку надвор од селото да се прошетаме. Заминавме на Црна река, да ја видиме, да се потсетиме на сите оние моменти кои ги поминувавме како мали бањајќи се во водите на реката.



Прошетавме и низ полињата, низ нивите кои се толку долги и потсетуваат на оние од филмот "Гладијатор". Навистина прекрасно е да се види сето тоа. Глетка која не само што ни ги одмори очите, туку и мозокот кој беше заморен од се она што се случуваше околу Евровизија. Поминавме неколку часови шетајќи низ жванските убавини. Но штом сонцето почна да се сокрива зад планините тргнавме кон куќата. Време беше да го запалиме автомобилот и да се вратиме кон Скопје.



Ниту едни тропски или, пак, места кои те наведуваат да мислиш само на материјални нешта и трошење многу пари, пиење во дискотеки, возење убави автомобили не можат да го заменат нашето село Жван. Отидете таму, почувствувајте го воздухот на Македонија и нема никогаш да зажалите. Ако нема каде да спиете најдете ја нашата куќа и поминете неколку дена во неа и во убавините на селото Жван...

МАРТИН И СТЕФАН ФИЛИПОВСКИ



Извор: http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=43933
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Next Time Fan Club-от слави една година постоење



Се започна пред околу две години. Се појавија двајца прекрасни момци кои за кратко време не освоија прво со својата музика, а после и со нивниот однос кон публиката. Како што поминуваше времето, тие нижеа успеси, ја продлабочуваа нивната врска со публиката, секогаш не изненадуваа позитивно... Со текот на времето бројот на нивни обожаватели растеше. Е тогаш, одлучивме да се собереме сите на едно место, заедно да ги следиме на настапите, нетрпеливо да ја очекуваме секоја нивна нова песна и спот, да аплаудираме за нив и заедно да се радуваме на секој нов и поголем успех.

Едноставно, заедно бескрајно да ги поддржиме во музиката и тоа што го работат. Тогаш настана нашиот Next Time Fan Club кој прво го претставивме со форумот, YouTube Channel-от, разни профили на интернет, а потоа и сите наши останати активности.

Помина само една година, ние неуморно ги поддржувавме во секој нареден чекор во нивната кариера, сите наши активности, идеи, разговори не зближија уште повеќе, сите меѓусебно се запознавме многу подобро, а тоа придонесе да функционираме многу подобро.

Но, ние не застануваме тука! Продолжуваме и понатаму смело да чекориме напред, и понатаму ќе им ја пружаме нашата безрезрвна поддршка во она што го работат, ќе се дружиме и понатаму ќе бидеме благодарини за сите незаборавни мигови кои ни ги овозможиле.

Next Time Fan Club се заблагодарува на сите членови на форумот, посебно на оние кои придонеле за негов развој и учествувале во реализација на сите наши идеи и ги повикува останатите обожаватели да ни се придружат.

Исто така Next Time Fan Club се заблагодарува на МММ за нивната соработка со нас, поддршката и затоа што ни излегле во пресрет секогаш кога ни било потребно.

Пред се, најмногу се заблагодаруваме на Next Time што постојат такви какви што се! Ви благодариме на сите! Нека ни е среќен роденденот и да опстоиме уште многу години и заедно да ги поддржуваме Next Time затоа што го заслужуваат тоа.

А за крај, едно видео во кое се прикажани нашите досегашни активности.

Поздрав,
Тимот на Next Time Fan Club


mmm.com.mk
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
245
Поени од реакции
9
Фановите на Некст Тајм во хумана акција



Oваа успешна година на Next Time Fan Club-от членовите на истaта ја одбележаа покажувајќи ја нивната хумана страна. Заокружувајќи ја првата година од постоењето и заедничка работа фановите на Next Time решија освен што и понатаму безрезервно ќе ги поддржуваат Next Time, да започнат и со мали, но значајни хуманитарни акции.

Во петокот(19.03.2010.) во Скопје во домот на АРМ се одржа хуманитарен концерт за децата со песбни потреби под мотото „Сите имаме едно срце“. Публиката ја забавуваа Next Time, Дарко Илиевски, Ноне Неделковска, Паркети, Влатко Лозановски и други македонски естрадни уметници, С.О.У. Иднина-Чаир, Гимназија Нова и секако дел од овој коцерт беа и членовите на Next Time Fan Club кои освен што донираа со купување на влезници, направија и уште еден хуман гест.

-На децата со посебни потреби им подаривме скормни подароци кои ги купивме со сопствени средства, сите заедно вложивме по малку, а ја постигнавме нашата цел. Вложивме малку материјално, но бескрајно многу љубов, искреност и желба да ги видиме насмеани и радосни сите деца присутни таму. Беше тоа мал чекор за нас, но голем предизвик со навистина племенита придобивка. Придобвика од сето тоа беа задоволните и неизмерно благодарни деца, меѓу кои беше и малечката Анамарија Властимирова која боледува од ретка и тешка болест. Успеавме да и го направиме овој ден поубав, повесел исполнувајќи го со музика и скромните подароци.



Ја покажавме нашата хумана страна, ги израдувавме сите тие дечиња, измамивме насмевка на нивните лица, а Анамарија ќе ја запаметиме како едно благодарно девојче, кое успеавме за миг да го отргнеме од секојдневните грижи, плод на нашето прво хумано дело и секогаш ќе бидеме тука за неа и другите деца.

Нека биде ова апел и мало потестување до сите дека некому сме навистина потребни. Ние ја постигнавме главната цел на нашето присуство таму и докажавме дека и ние најмладите знаеме што е да се биде хуман и да се помогне каде што е најпотребно.
Да се изнуди насмевка или радост кај некого е предизвик за секој човек!

Рамо за плачење на Next Time и како видео-приказна

Спотот на Next time за новата песна со наслов Рамо за плачење, е веќе готов и спремен за промоција. Снимен е по диригентство на Ѓуле, во одлична атмосфера и со цел тим.

Се снимаше на неколку локации: градски парк, Дебар маало, Т.Ц. Соравија и завршивме во ресторанот Воденица, каде се направија финалните кадри. Во спотот се појавува нашата Пенелопе Круз, т.е. струмичанката Марија Андоновска заедно со Јанко Смилевски – велат од тимот на близнаците, и ни праќаат две фотографии од спотот!



Ова е четврта песна на Next time за нивниот втор албум, кој е во подгтовка и се очекува кон крајот на оваа или почетокот на 2011 година. Се верува дека оваа балада ќе стане одличен хит, како и нивните претходни песни и дека ќе остави голем впечаток на нивната публика и обожаватели, кои eдвај чекаат да ја слушнат и го погледнат спотот на истата.



Промоцијата на истиот ќе се случи наредната недела во еден од нашите локали, со посебно сценарио на самата и спонзори кои ќе придонесат со своите производи…

Секако дека ќе добиете ексклузивна информација во врска со нивната промоција – велат Next Time...​
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не може човек да не ужива во вокалот на Стефан,дечкото пее растура...
Мојата омилена од нив.....
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
245
Поени од реакции
9
Нивната нова песна Рамо за плачење!


Прекрасно! :smir:
 
Член од
4 април 2010
Мислења
36
Поени од реакции
3
дечкиве ќе се селат во Италија ... лелел сите избегаа од оваа држава штета пупу само пензионерите ќе останат!
 
P

PewDiePie

Гостин
Леле колку само им е најбоље и спотот и песната Рамо за плачење!! :vozbud::vozbud::vozbud:

ПС.Какво одење во Италија нека седат тука нека не се зезаат.:nenene:
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Какво селење бе... Отишле на една недела, да договорат некои настапи на тамошните фестивали.
 
Член од
20 јуни 2009
Мислења
126
Поени од реакции
4
Заеднички ручек на Канал 5

Next Time - Ramo za placenje [LIVE]

Next Time - What do you want from me (Adam Lambert) [LIVE]
 
Член од
3 јули 2008
Мислења
245
Поени од реакции
9
Да ги поддржиме Next Time на EuroVoice 2010

Eurovoice е европски музички фестивал на кој учествуваат музичари од сите европски држави,а
се одржува за прв пат оваа година.
Натпреварот се состои од две фази:
1. Интернет гласање - бесплатно гласање на официјалната веб страна www.eurovoice.tv
2. Супер финале - СМС гласање и платено гласање на www.eurovoice.
Интернет гласањето трае од 12 до 25 Мај.
Супер финалистите ќе бидат соопштени на 26.5.2010. Ќе биде одбран по еден учесник од секоја
држава и тие ќе учествуваат на фестивалот кој ќе се одржи во Атина на 25 и 26 Јуни.
Победникот добива 100 000 евра и договор со продукциска куќа која ќе биде соопштена од
сопственикот на натпреварот, а најактивниот фан добива 50 000 евра.
Moже да се гласа секој ден по еднаш од иста IP адреса.


Да ги поддржиме нашите претставници Next Time и да гласаме за нив!
http://eurovoice.tv/profile/next-time/
Се гласа така што се кликнува на "+" кој се наоѓа веднаш до натпреварувачката песна (Без тебе тивко умирам).
E... И да не заборавам да спомнам... Давајте минуски на тој што во моментот има повеќе гласови од НТ :)



http://www.nexttimefanclub.com/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom