TOT
sorcerer
Погрешните родители ги обвинуваш.Одамна постоело булинг, но сега со интернет технологијата е позастапено.
Има случаеви кај што жртвата посегнува по својот живот после низата погрдни зборови кон него, и на крај за жал успева да си го одземе животот.
Насилниците некогаш си го добиваат своето, некогаш поминуваат без казна.
Во основно бев жртва на булинг четири години па може да се каже дека тоа беше најлош период од мојот живот.
За жал понекогаш се уште ги среќавам и знам да се потсетам на тие денови од мојот живот и имам страв да се мешам меѓу луѓе. Не е убаво чувството кога си предмет на заебанција помеѓу народот.
Ја немам многу следено Марте, ама имам видено неколку постови како буквално девојчето се брука, дали намерно, дали навистина не е ментално стабилна но ми се чини дека сето тоа го прави само да биде приметена од народот.
Ова што се случува меѓу тинејџерите посебно сега откако технологијата е напредна е крајно неприфаткиво и веќе надвор од контрола.
Ќе ги обвинам родителите најпрвин бидејќи најчесто не знаат со што се занимаваат нивните деца додека се на интернет, недоволно воспитување и премногу дозволување за некои работи.
Прва работа, што бара детето во средина за во која не е одгледано да расте?
Втора работа, ако веќе мора таму тогаш ќе гледаш да го заштитиш на било кој начин....а има многу начини.
И трета работа, треба детето да ти е спремно да се соочи со сите предизвици. Да биде буквално најдобар во сите можни ситуации.
Е тогаш ќе биде друга приказна, он ќе биде тој што ќе ги ебе у мозок а не обратно а стварта е уствари ебењето у здрав мозок. Дали со користење на сила или памет или двете, небитно.