Каков ролеркостер од кариера.
1.75, избран како последен пик на драфтот и тоа во една од најдисфункционалните франшизи во лигата во обликот на Сакраменто Кингси, каде што постепено се интегрира во стартната постава (третата сезона бележи 20ppg). После трите сезони таму, одигрува и една сезона во уште една франшиза која не знае кај тера - Феникс.
Сепак, благодарение на добрите партии - Бостон го добива во текот на нивниот рибилд и таму игра две ол-стар и една ол-НБА сезона, за во летото 2017 да биде трејдуван како жртвено јагне од страна на Селтикси за да го добијат Кајри и тоа пред почетокот на неговата последна сезона од договорот после што се очекуваше да добие макс договор.
На самиот старт во кариерата таму се дознава дека влече хронична повреда и плус не успева да се вклопи со ЛеБрон што резултира во уште трејд, овој пат во Лејкерси каде што само месец дена од пристигнување се повредува и еве уште се нема вратено, сега како член на Денвер.
Laides and gentlemen, Isaiah Thomas - од очаја до сјаја и пак назад.