Зборувате со самите - себеси!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Си зборам доста често си размислувам на глас место во себе за најразлични проблеми...
 
Да си зборувам и тоа најчесто кога сум изнервирана и не ми испаднало нешто како што треба:требаше поинаку да направиш,ете сега зезна работа,будала една,не размислуваш...
Или ќе си поставам некое прашање па сама ќе си го одговорам.Интересно е што според некои истражувања луѓето што зборуваат со самите себеси се поинтелегентни и дека “позитивниот разговор“ доста влијае на подобрување на самодовербата и допринесува за подобро расположение.
 
Да си зборувам и тоа најчесто кога сум изнервирана и не ми испаднало нешто како што треба:требаше поинаку да направиш,ете сега зезна работа,будала една,не размислуваш...
Или ќе си поставам некое прашање па сама ќе си го одговорам.Интересно е што според некои истражувања луѓето што зборуваат со самите себеси се поинтелегентни и дека “позитивниот разговор“ доста влијае на подобрување на самодовербата и допринесува за подобро расположение.
Навистина кога ми е лошо, кога сум изнервиран за некои банални (секогаш е за банални) работи, знам со неколку реченици, тивко да се преиспитам. Но морам да признаам дека не ми помага само-советувањето. Исто знам да си се испцујам убаво, да си ставам разни погрдни прекари, ама џабе...пак по старо е.
 
Да и ја си размислувам на глас а и си зборам сам со себе па мислам дека е нормално
 
Се случува. Кога одам по пат обично секакви мисли ми се моткаат низ главава, па ми се случува и да кажам по нешто тивко, ама не сум секогаш толку тивка колку што мислам дека сум, а тоа го увидувам кога ќе ме загледаат чудно луѓето околу мене :icon_lol:
 
на глас досега не , фала богу :) ... а в памет нормално кој не си збора само со него :), си се консултирам самиот хахахаха :pos2:
 
Не, барем засега не.. Ама знам на пример да си мислам нешо, да си се присеќам на некоја случка или нешо слично, и си се смеам сама со себе... И то многу често.. А, не зборвам, не сум дојдена до та фаза..:pipi:
 
Често си збориме помеѓу себе. Најчесто во автобус, кога се шетаме или во такси. Мислиме дека е тоа нормално но луѓето мислат дека сме луди... ние не се сложуваме со нив.
Јас и јас сме најдобри другари.
 
Да, доста често. Иако во последно време се трудам повеќе да зборам со други. Себе се апсолвирав. :smir:
 
Признавам :)
 
normalno, nenormalno e da ne zboruvas so samiot sebesi:kesa:
 
:pos2:во мислите, да, посебно кога останало недоречено нешто со некој, т.е. ако не сум му кажала шо сум мислела и ми е мака оти не сум и/му плеснала в лице и така продоложувам да си се карам во мислите хехе.. а на глас, само ако играм некоја игра шо ме нервира или на покер ако губам , си бладам :kesa::kesa::kesa::pos2:
 
Не сум нешто особено речита во муабетот со себе. Знам безгласно да си се испокарам со себеси ако во одредени ситуации не сум изреагирала како што требало да изреагирам, зошто нели, вистинските идеи секогаш доаѓаат во погрешно време. Знам да си се договарам со себе за одредени планови иако тоа е реткост зошто на крајот секако неплански постапувам. И ова обично е муабет во себе.
Гласно знам да си се прекорам или пофалам за извесни постапки. Пример многу често кога ќе се напнам или вознемирам за нешто знам да си повторам неколку пати "Мирна Светле, мирна"!, или да си кажам "Браво, алал да ти е"! - иронично ако сум оплескала нешто, или задоволно ако имам причина да сум особено горда на себе.
 
Да, најчесто во моментите кога имам нешто оплескано, си велам Е бравос или Тешко тебе...Не сум се нашла другпат во муабет сама со себе, освен во овие ситуации :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom