Зборувате со самите - себеси!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Море се заборавам и си цепам на глас, поготово дури пешачам сам некаде. Претежно го правам муабетот што допрва треба да се случи, таму кај што одам. Ми се има до сега 4-5 пати, си одам така, и почнува некој да ми се смеј од страна, си вика будала е овај. :D
 
Си правам али скаран сум со себе, озбилно. Веќе две години секој разговор ни е конфликт на интереси. Совест и свест.
 
Понекогаш знам и да си кажам по некое зборче, а пасија ми се погрдните. Сум си мавал и по некој шамар, сум се казнувал физички, но сепак нема ништо поболно од збор-два, расправија кога ќе си упатам кога ептен сум ја зезнал работата, поболно е кога се слушам самиот себе отколку било кого...а тоа што си го мразам гласот дополнително ме казнува.
Ретко разговарам со себе кога ми е досадно, обично или кога сум хепи.
 
Кога правам некоја глупост... сам се прашувам: ‘‘Што правеш?‘‘

одговор не давам :)
 
Не..иначе ако ми падне нешто скршам згрешам почнувам да се карам и пцујам самиот себе иначе да си муабетам не..
 
Често ми се случува но не на глас... На глас само доколку утнам нешто и навистина се изнервирам тогаш почнувам самиот на себе да си викам. Многу лоша мана е ова бидејќи имам гледано од страна како останатите зборуваат сами со себе и искрено многу е тапа :)
 
Во последно време премногу, дури и кога одам по улица и гласно размислувам како некој ретардиран.

:sramezliv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom