Со оглед на ситуацијата во и околу клубот, не се надевам на добра разврска на настаните.
Очигледно е дека сите во клубот чекаат на Самс, а он најверојатно чека нешто друго, не би сакал да нагаѓам што, иако постојат многу тези кои се доста реални.
Се засилуваат сите, ние направивме чистка на странци од тимот со просечни игри, па логично беше да донесеме подобри, но ние одма странец со првлижно ист квалитет како и претходните но на позиција која ни треба.
Факт е, времето работи против нас, многу малку време, а многу дупки за потполнување во тимот..
Тоа не е начин на кој треба да работи еден тим, непрофесионално, неорганизирано,неплански или со еден збор многу аматерски.
Во ракометот барем знаеме што правиме, погодивме играчи, со тренер и слично во фудбалот косата да ти се крене нагоре од аматеризам и лоши одлуки.
Пазете имаме директори со додадени називи кои ги немаа нигде на спортска мапа, да дадаат едно интервју, за тоа што се случува, на што да се надева спортската јавност, и фан базата на Вардар.
Со оглед на тоа дека Вардар должи пари и има тотално неизвесна иднина(што ќе се случува со клубот, долгови, забрани од Уефа итн) и тоа секој го знае, тешко дека некој квалитетен играч ќе дојде во Вардар, тоа е реалноста, а ние може до утре да зборуваме и да си правиме фантазии.