Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
По лесна група од ова никад нема да се падне.

Полска е секад недокажана.
Австрија топло-ладно.
Израел исто.
Словенците се нај крш до сега.
Латвија се за греота.

Северна ќе гази во групава.
 
Конечно група без политика и без соседи, такви утакмици не ни требаат.
Полска не ја правете бог можеме да се надигруваме на домашен терен..
Неатрактивна и без многу пари група од телевизиски права и секако ниту еден противник од овие не може да наполни стадион кај нас, освен евентуално не дојди последно коло да решава...
Среќа малку на почеток да тргни да сме во игра и секако максимално залагање од играчите, зошто да не се надеваме на нешто позитивно.
 
Само професионализам на највисоко ниво ќе не однесе на Европско.Групата не е баш толку лесна ама можеме да се надигруваме со сите и верувам дека ќе биде така.
 
не би рекол дека ќе газиме, туку не ми е јасно за какви квалификации ќе играме со Косово ??
Доколку не се квалификуваме за ЕУРО преку квалификациите тогаш ќе играме фајнл-фор турнир во кој во полуфинале ќе играме со Косово (за пласман на ЕУРО).
 
Одлична група е ова. Ќе беше убаво да играме против некоја ептен атрактивна репрезентација ама и вака е сосема добро. Буквално можеме да се носиме со сите репрезентации. Полска и Австрија беа најслабите во нивните шешири. Полска постојано гледаме дека разочарува и игра под очекувањата, плус мислам им поминаа најдобрите години на оваа генерација. Австрија не знам ни што мајка бараше во втор шешир, сосема просечна репрезентација која и со сегашниот квалитет можеме да ја поразиме во Скопје. Израел и Словенија се на слично ниво со нашето. Ги имаме победувано веќе, додуша имаме и губено, така да очекувам изедначени мечеви. Латвија е далеку од тоа што беше, но сепак е најтешка од шестиот шешир, ќе треба внимателно со нив.

Како и да е мислам дека не можевме да се надеваме на подобра шанса од оваа. Ако тргнеме добро верувам и публиката ќе доаѓа на стадион се’ повеќе. Баш вакви противници ни требаат сега, да видиме до каде стварно ни е силата. Па може и ќе направиме сензација, ќе завршиме втори, па Косово нека игра со друг. :)
 
dobro pominavme, steta samo sto ne ni padna island od vtoriot sesir. avstrija ne mi e po vkus, mislam deka nema da ni lezat, imase nekolku drugi od vtoriot sesir koi pre gi posakuvav. se na se izednacena grupa i mozda ne sme imale do sega pogolema sansa da se kvalificirame preku grupa, bi rekol deka imame sansa od 10-15% da zavrsime na edno od prvite dve mesta sto e mnogu za nasi uslovi.
 
Кога треба да излезе распоредот на натпреварите?

Се надевам дека последниот меч дома ќе го играме барем ако имаме шанса за нешто да се создаде некоја еуфорија

Не би било лошо да почнеме со Израел/Летонија во првите два меча или барем да ја избегнеме Полска, чисто колку да ги мавне играчите некоја возбуда у старт

Конечно група без политика и без соседи, такви утакмици не ни требаат.
Полска не ја правете бог можеме да се надигруваме на домашен терен..
Неатрактивна и без многу пари група од телевизиски права и секако ниту еден противник од овие не може да наполни стадион кај нас, освен евентуално не дојди последно коло да решава...
Среќа малку на почеток да тргни да сме во игра и секако максимално залагање од играчите, зошто да не се надеваме на нешто позитивно.
Па со оглед на тоа дека ако одиме на ЕП ќе одиме како Северна тешко е без политика да испадне :D

Полска е класа над другиве екипи.

Не значи дека не може ниту една од овие екипи да се надигрува со нив, ама професионализмот, самодовербата, искуството и менталитетот што го имаат полјаците го немаат сите останати екипи во групава заедно.

Па побогу само еден Левандовски има играно во повеќе битни мечеви од Македонија,Израел, Словенија и Летонија заедно...

Полска е сто посто прво место во групава, без разлика дали ќе изгуби неколку бодови или не.

Среќата е претерано битна за нас тука, како и залагање на терен. Се надевам дека конечно ќе покажеме професионален пристап и дека ќе одиграме квалитетно до крај

то ест

Се надевам дека ќе играме многу подобар фудбал од ова што го игравме во лигата на нации пошто со таква игра со сите освен со Летонија не би имале шанса за победа

За тоа дека не се атрактивни противниците точно е, ама се надевам дека имаме доволно фудбалска култура да се собере солидна бројка на луѓе на стадион за да ги бодриме играчите

И се надевам дека ќе има поволни цени.

Само Полска вреди можеби малку повеќе 150 денари карта..да речеме 200..

За другиве треба 100 и 150 (максимум) да бидат.

Македонија во поволна група, ќе брка пласман на ЕП 2020

не би рекол дека ќе газиме, туку не ми е јасно за какви квалификации ќе играме со Косово ??
Плејоф ќе играме.
Тоа од Лига на Нации се смета како плејоф на квалификацииве под претпоставка дека ни ние ни тие нема да играат на ЕП директно
Само професионализам на највисоко ниво ќе не однесе на Европско.Групата не е баш толку лесна ама можеме да се надигруваме со сите и верувам дека ќе биде така.
+1
Лесно е ние да коментираме "hehe ne se jaki protivnicive" кога најбитниот фактор во квалификацииве не се противнициве туку ние.

Факт е дека не се јаки противнициве, ама се додека ние не дојдеме до тоа ниво да играме квалитетно и да можеме да играме квалитетно против вакви противници квалитетот на групата е небитен ако ние не напреднеме како репрезентација. Се до тогаш исто место и во ваква група а и во група со поквалитетни екипи ќе бидеме..
 
Австриското знаме (до Курца)

untitled.png

Летонското знаме (повторно до Курца)

20813223295b9263da5a1e2705081497_v4big.jpg

да не дојде до забуна пак да ги помешаме...
 
Излезе распоредот

Одличен распоред ја би рекол

21. март Македонија - Летонија
24. март Словенија - Македонија

7. јуни Македонија - Полска
10. јуни Македонија - Австрија

5. септември Израел - Македонија
9. септември Летонија - Македонија

10. октомври Македонија - Словенија
13. октомври Полска - Македонија

16. ноември Австрија - Македонија
19. ноември Македонија - Израел
 
И распоредот е сосема добар. Ни треба добар почеток за поголема самодоверба, а нема подобар почеток од овој. Три од првите четири меча на домашен терен, и тоа прво со најслабата па со двете најдобро рангирани. Ако извадиме добри бодови до јуни и стоиме добро на табелата, ќе бидат максимално мотивирани за есенските мечеви.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom