MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
lazar31,Тоа што велиш, е само една од многуте причини поради кои луѓето се оддалечени од верата. Но не е клучна причина. Најголем дел од луѓето, барем кај нас, и не се во некоја положба на ,,уживанција,, во битисувањето на овој свет но сепак не се приклонуваат кон црквата и верата. Не зборам овде за ,,верници,, кои тоа се формално, одат во црква за Велигден, прават крштевка, погреб според верските обичаи.... туку за вистински верници, кои ја познаваат својата религија и живеат според неа. И тука МПЦ неможе да се амнестира од одговорност. Нивната одговорност е тоа што повеке ги интересира политика и материјални работи а помалку состојбата со верниците. Претворени се во една ,,административна,, организација, државерн орган во кој работите се извршуваат формално без грижа за вистинските состојби. Владиците повеке ги интересира ВМРО или СДСМ а помалку тоа да најдат начин да му се доближат на народот и да ја проповедаат религијата, да држат предавања, да објаснуваат прашања.... Јас сум убеден дека ниту 1% од ,,верниците,, нема појма што е тоа литургија, кое е нејзиното значење, што е тоа света тајна, што е молитвата.... ниту 2% ја немаат прочитано библијата а ако нема кој да им ја објасни џабе ке биде и да ја проичитаат. Еве, нема ли кај нас барем еден како оној Рафаило во Црна Гора па да се зафати малку со работа и да проповеда, да го учи народот, да му ја доближи религијата?
ја посочив точната и основната причина ради која луѓето, небитно дали се во или надвор од Македонија, не ја прифаќаат верата (Христова, нормално...), туку претпочитаат овеосветовни вредност и и ништо друго освен нив. Градацијата на причи за неприфаќање на верата може да продолжи и понатаму, но огревовеноста е прва и основна.
Тоа што Македончето нема германска плата, не е причина да не се впушта во хедонизам. Доволно е да видиме колку пари арчи Македончето само за еден викенд во Солун или за што се‘ арчи пари „сиромашното„ Македонче во останатите 5 денови од седмицата. Фрли поглед на улица и ќе видиш дека сиромашни Македонци возат коли, во кои се наоѓа само шоферот...
Споменувањето на МПЦ-ОА од твоја страна не е ништо друго, туку едно обично префрлање на одговорноста кон другите, а не на себе и само на себе. Токму црковното учење тоа и го вели; да ги гледаме (и чистиме!) своите гревови а не туѓите, оти пред Христа Бога секој ќе одговара за себе, а не за комшиите...и според тоа колку ми е дадено па толку и ќе се бара од него. Затоа свештенството и ја има двојната одговорност пред Христа Бога, оти овен за себе, ќе одговара и за оние кои им се дадени за поука и за спасение.
Што се однесува до состојбата со верата меѓу Македонците, за неа веќе имам пишувано повеќе пати и не ми е предмет за афирмација, но не ми е ниту предмет за оправдување за моите слабости.[DOUBLEPOST=1542383903][/DOUBLEPOST]
Навистина, не било само до Универзумот...