Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.630
Со ОГРОМНА помош на @Anon конечно успеав да направам нешто кое одамна ми беше предизвик, а не можав да го остварам заради големиот број филмови - една мапа на сите држави од светот од кои сум гледал филмови. Па еве што испадна: amcharts.pixelMap.png
Screenshot_12.jpg
Легенда:
Зелено - над 100 изгледани филма (САД = 948, В.Британија = 168)
Жолто - над 20 изгледани филма
Потрокалово - над 10 изгледани филма
Бледо црвено - над 5 изгледани филма
Црвено - минимум 1 изгледан филм
Сиво - немам гледано филмови

Филмовите од државите кои веќе не постојат како СФРЈ, СР Југославија, Србија и Црна Гора, СССР, Западна Германија и Чехословачка не се земени предвид. Исто и филмовите од Малта и Хонг Конг, зашто ги немаше како држави на мапата.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Пика Пика Пикачу


Без снорлакс не идеме никаде,ајде кој го чува црвениот албум со сликички поќемон,јадеш краосан,ем благо,ем собираш its fun for everbody,башка Рајан е пикачу така да би требало да биде интересно
Да ги освојам се да освојам најдобра е македонската верзија :pos:

еве го бе
Pokemon-Chipita-album-sa-slicicama_slika_O_694594.jpg

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.681
Поени од реакции
38.867
Не сум бил толку хајпнат за некој филм уште дедпул кецот кога го најавија, Рејнолдс ќе изгази како Пикачу.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Cold War, доста добар филм! Иако бев претерано скептичен затоа што ич не ми се допадна Ida, овој скроз ме разубеди - минималистичен, суптилен, со неверојатен дијалог и ништо одвишок.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.018
Cold War, доста добар филм! Иако бев претерано скептичен затоа што ич не ми се допадна Ida, овој скроз ме разубеди - минималистичен, суптилен, со неверојатен дијалог и ништо одвишок.
Многу лош превод имаше. Нема врска што беше од англиски, ама скроз некоректно беше преведен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.630
Ио ретко оди во кино, ама кога оди излегува задоволен. Еве еден предлог за Њот, зошто мака ми е да го читам како жали по парите што ги фрлил:

Bohemian Rhapsody (2018)



Трибјутот за Фреди ме воодушеви, иако очекував поинаков филм. Очекував да има помалку пеење а повеќе детали и измислени драматизирани сцени од приватниот живот на пејачот. Очекував биографска приказна во која дејствието тече побавно, како што сме навикнале кога гледаме биографски филмови. Во овој случај, филмот оди straight to the point, како авторот да вели: немам време за губење, ако објаснувам повеќе ќе треба да кратам на музиката. Така да од почеток до крај, филмот оди во брзо темпо, се задржува на поважните моменти и кулминира со настапот на Live Aid 1985 концертот на Вембли.

Не велам во никој случај дека филмот е мастерпис, но би рекол: this movie will rock you! Кастингот е прва лига, што може и да се очекува кога двајца од членовите на Queen се ко-продуценти. Да го слушаш Фреди на IMAX е бесценето, посебно поради делот со концертот ќе ми биде жал за сите оние кои ќе мораат да го гледаат дома и нема да ја почуствуваат грандиозноста.

Посебен дел заслужува Rami Malek кој претпоставувам си обезбеди номинација за Оскар со улогата. Човекот успеа да го долови Фреди не само на сцената како музичар, туку и надвор од неа. Ги усовршил неговите движења, гестикулации, манири... Повторно, не најдов ништо спектакуларно во улогата, би рекол дека добро си ја сработил домашната и може да очекува награди за тоа.

Мислев да пишам и повеќе но доволно е. Да завршам со тоа дека ова е единствен филм што сум го гледал на кино, во кој публиката не сакаше да стане и да си замине додека одеа кредитите. Еден ден кога ќе заборавам што точно се случуваше во филмот, тоа ќе ми остане во сеќавање.

8.5/10 од мене.
Браво Io. Не пишав ништо јас, пошто @Anon ме исмеваше кога излеговме од кино, ама мене ми беше чиста 10 филмот. Знам дека не е masterpiece, ама сепак, си ја заслужи оценката зашто последните 20 минути ме држеше наежен и со глупава насмевка на лицето која не можев никако да ја тргнам. Критиката се жалеше дека бил историски неточен и што ли знам јас уште зошто, ама screw them! Јас уживав во секоја секунда од филмот, како што не сум уживал во филм одамна. За мене, до сега, Bohemian Rhapsody е најдоброто што сум го гледал од 2018.

Уште една препорака за @wot . (y)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.681
Поени од реакции
38.867
Бохемиан Рапсоди е фикција за каков требаше да е животот на Фреди. Directed by Brian May.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.336
Поени од реакции
57.931
Сме ги дискутирале овие работи на форум многу пати. Од документарец очекувам да е што попрецизен и објективен. Филм е друга работа, може да си земе повеќе слобода, да драматизира или измислува настани што не се случиле, ликови што не постојат итн...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Браво Io. Не пишав ништо јас, пошто @Anon ме исмеваше кога излеговме од кино, ама мене ми беше чиста 10 филмот. Знам дека не е masterpiece, ама сепак, си ја заслужи оценката зашто последните 20 минути ме држеше наежен и со глупава насмевка на лицето која не можев никако да ја тргнам. Критиката се жалеше дека бил историски неточен и што ли знам јас уште зошто, ама screw them! Јас уживав во секоја секунда од филмот, како што не сум уживал во филм одамна. За мене, до сега, Bohemian Rhapsody е најдоброто што сум го гледал од 2018.

Уште една препорака за @wot . (y)
А беее, не те исмевав. Се насмеав кога ми рече дека ти е чиста 10ка. Објективно филмот е здрава осмица :D
Како што си пишал, тебе те понел ептен крајот (кој и јас ако би го оценувал само крајот би му дал 10) и затоа му даваш 10. Верувам да си го вратиш филмот наназад (pun intended) ќе забележиш дека и не е баш за 10.
Сепак, сите имаме различни критериуми за 10.
Друго, велиш „знам дека не е мастерпис“ дали сакаш да кажеш дека кога ставаш највисока оценка на филм, праиш разлика од десетка до десетка, некои ти се мастерпис и се 10ки други не ти се мастерпис ама сепак ти се супер-дупер и пак имаат 10ки?
Тоа ми е чудно.

Што се однесува до критиката, добро е ако си прочитал само критика за неговата историска неточност.
Пробај да прочиташ критика од баграта на @staycalm односно LGBT заедницата која вели дека поентите од филмот се:
1. ако си ЛГБТ ќе се хејташ себе си
2. ако си ЛГБТ заслужуваш СИДА
3. без твоите стрејт пријатели и фамилија си никој и ништо
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.630
Верувам да си го вратиш филмот наназад (pun intended) ќе забележиш дека и не е баш за 10.
Ја прескокна реченицата: "Уживав во секоја секунда"? BTW, и ти се смееше на Галилео и скарамуш. Плус, моментот кога ја смислија We Will Rock You. Кога Фреди свиреше со рацете наопаку... Не, не беа само последните 20 минути Аноне.
Друго, велиш „знам дека не е мастерпис“ дали сакаш да кажеш дека кога ставаш највисока оценка на филм, праиш разлика од десетка до десетка, некои ти се мастерпис и се 10ки други не ти се мастерпис ама сепак ти се супер-дупер и пак имаат 10ки?
Тоа ми е чудно.
Не. Ако не си сфатил до сега, сите мои оценки се според тоа колку мене лично ми оставиле впечаток филмовите, без разлика колку се фалени од критиката и колку се "објективно добри", доколку постои такво нешто. Затоа, да, меѓу десетките има и masterpieces, и не-masterpieces, ама на сите заедничко им е што успеале мене да ме воодушеват. ;)
Пробај да прочиташ критика од баграта на @staycalm односно LGBT заедницата која вели дека поентите од филмот се:
Screw them too!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ја прескокна реченицата: "Уживав во секоја секунда"? BTW, и ти се смееше на Галилео и скарамуш. Плус, моментот кога ја смислија We Will Rock You. Кога Фреди свиреше со рацете наопаку... Не, не беа само последните 20 минути Аноне.
Без тие моменти 7ца :D

Не. ...
Затоа, да, ...
Океј :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom