- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.131
- Поени од реакции
- 13.257
Иако не очекував нешто многу, ми се погоди да налетам на вистинско филмчиште. Вакви некој филмови околу бркање со психата како овој и Мементо и налик слично ептен ми лежат, сега при дискусија за истите некој ќе кажат предосадни, ама мене не само што не ми беше досаден, туки и ептен интересен ми беше, посакав да не трае само саат и 40 минути. Најмногу што мразам е кога некој при краток опис на филм ќе ми открие доволно за да ми се изгуби желбата за филмот и целата таа мистичност околу него со тоа што ќе ми каже многу опширно за што е филмот и ќе се чувстувам како да сум го гледал, па се надевам нема да ја направам таа грешка. Накратко, се работи за човек кој има проблеми со неговата психа, и се соочува со губење на блиски луѓе како последица на неговите постапки и уште еден куп проблеми, предизвикани од негоите халуцинации. Не би откривал ништо повеќе од тоа, филмот има убава поента, ако сте по вакви филмови како мене ќе ви биде верувам и интересен, ако сте повеќе по лабави филмови ете може ќе ви биде досаден, ама ете познат е па ако го немате гледано, гледајте го во прво слободно време, според мене вреди за сите пари
Последно уредено: