Ио ретко оди во кино, ама кога оди излегува задоволен. Еве еден предлог за Њот, зошто мака ми е да го читам како жали по парите што ги фрлил:
Bohemian Rhapsody (2018)
Трибјутот за Фреди ме воодушеви, иако очекував поинаков филм. Очекував да има помалку пеење а повеќе детали и измислени драматизирани сцени од приватниот живот на пејачот. Очекував биографска приказна во која дејствието тече побавно, како што сме навикнале кога гледаме биографски филмови. Во овој случај, филмот оди straight to the point, како авторот да вели: немам време за губење, ако објаснувам повеќе ќе треба да кратам на музиката. Така да од почеток до крај, филмот оди во брзо темпо, се задржува на поважните моменти и кулминира со настапот на Live Aid 1985 концертот на Вембли.
Не велам во никој случај дека филмот е мастерпис, но би рекол:
this movie will rock you! Кастингот е прва лига, што може и да се очекува кога двајца од членовите на Queen се ко-продуценти. Да го слушаш Фреди на IMAX е бесценето, посебно поради делот со концертот ќе ми биде жал за сите оние кои ќе мораат да го гледаат дома и нема да ја почуствуваат грандиозноста.
Посебен дел заслужува
Rami Malek кој претпоставувам си обезбеди номинација за Оскар со улогата. Човекот успеа да го долови Фреди не само на сцената како музичар, туку и надвор од неа. Ги усовршил неговите движења, гестикулации, манири... Повторно, не најдов ништо спектакуларно во улогата, би рекол дека добро си ја сработил домашната и може да очекува награди за тоа.
Мислев да пишам и повеќе но доволно е. Да завршам со тоа дека ова е единствен филм што сум го гледал на кино, во кој публиката не сакаше да стане и да си замине додека одеа кредитите. Еден ден кога ќе заборавам што точно се случуваше во филмот, тоа ќе ми остане во сеќавање.
8.5/10 од мене.