Serie A 2018/2019

Дали Скудетото ќе остане во рацете на Јувентус?

  • Да

    Гласови: 82 50,3%
  • Не

    Гласови: 32 19,6%
  • Интер

    Гласови: 28 17,2%
  • Рома

    Гласови: 7 4,3%
  • Наполи

    Гласови: 7 4,3%
  • Милан

    Гласови: 20 12,3%
  • Фиорентина

    Гласови: 5 3,1%
  • Лацио

    Гласови: 4 2,5%
  • Друг тим

    Гласови: 3 1,8%

  • Вкупно гласачи
    163
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Чекај сега малку. Ич не си конкретен. Суптилна незабележителна помош денеска многу лесно може да се заклучи дека имаше и за Милан. Ромањоли го нагазна Роналдо директно на глуждот, чист жолт 100% според сите правила и прописи- не го доби. Кутроне имаше лош старт над Пјаниќ и тој лесно можеше да добие жолт- не го доби. Имаше игра со рака од Бакајоко (која не беше пенал) арно ама кога таква игра со рака има од играч на Јувентус, одма се прогласува за пенал и Јуве се смета за помогнат. Не мора многу далеку да одиме, такво нешто се случи минатата недела против Каљари. Затоа го тагнав интерашот Ватрен ама еве човекот немал можност да ја гледа утакмицата.

Пеналот на Бенатија можеби некој би дал жолт, ама дефинитивно не може да се каже дека е огромна грешка. Еве сабајлето за игра со рака свираа пенал за Интер против Аталанта без жолт картон. Раката на Бенатија беше сосема ненамерна, топката позади него одеше директно во рацете на Шчежни. Ништо суштински не спречи со истата. Втор жолт за таа ситуација дефинитивно е премногу.

Она што беше претерано е жолтиот на Игуаин. За ваков прекршок немаше потреба да добие санкција што веднаш го испровоцира да добие и исклучување. Не заебавај за она на Сандро, каков лакт :D Дај да ја видам ситуацијата, оти како што јас забележав едвај имаше контакт таму, ама могуче грешка да сум видел при крајот беше.

Нејсе денеска Милан заслужено си загуби. Судијата не направи никаква суштинска грешка која влијаеше врз резултатот. Оние 50-50 што ги велиш се во доменот на интерпретација, па како што гледаш може од било која страна да ги обрнеме.
Она што пробувам да го кажам, брат ми Шкирикакиреија го има скоцкано, послатко да не може да биде. Која е причината, еве негово мислење е дека тоа е така поради притисок, јас искрено не го делам ама наклонетоста е присутна, она за кое што дискутираме цело време во темава. Да не излезе на крај дека јас, оној кој глуми објективност го пишува ова, еве еден од „твоите“.

Секогаш судиите имаат блага наклонетост кон појаките екипи, затоа што поголем е и притисокот.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.136
Поени од реакции
25.222
Не, не сум објективен посматрач од страна, за Наполи сум, Марио пред 2-3 сезони ми ги додели како тим :ROFLMAO:

Кажав пред два саати кога го пишав постот а и пред тоа многу пати го имам истово пишано, фрустрира таа суптилна, навидум незабележителна судиска помош. Не велам дека секогаш се' се суди во корист на Јуве, не велам дека има грешки само во корист на Јуве и ниту еден друг тим но, овер ол, кога ќе споредиш утакмици на Јуве со било кој друг тим ќе видиш таа е реалноста. Можеби тебе ти е тешко да го прифатил тоа или пак да го забележиш затоа што навиваш за Јуве и такви стартови ти се „онака“ ама за тимови кои не се Јуве значат многу. Јасно е дека тимот за кој навиваш е за минимум класа над сите останати во лига и тоа не знам дали некој го негирал на форумов ама такви ситни ситуации вадат од такт. Пример, Борини испи лакт у 86та минута, ништо, гол аут, минута после тоа стартуваше и доби жолт. Прв старт му беше, влезе 10 минути пред да го направи истиот и одма казнет со жолт. Сеа можеш да кажеш дека стартот е за жолт ама пак од друга страна, играта со рака на Бенатиа во 16ник требаше да се санкционира со жолт, лактот над Борини можеби требаше да се санкционира со жолт. Ваму и таму ќе најдеш недостатоци ама сосема „случајно“ овер ол скоро секогаш се на страната на Јуве.
Баш поради овие работи си страдаат во ЛШ. Зашто судиите таму не ги ебат многу многу и такви ситни фаули и прекршоци им ги санкционираат. Затоа фановите нивни се чудат после зашто им свират пенали и црвени картони, зашто лактањата на Киелини можеби проаѓаат во Италија, ама не и во ЛШ.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Баш поради овие работи си страдаат во ЛШ. Зашто судиите таму не ги ебат многу многу и такви ситни фаули и прекршоци им ги санкционираат. Затоа фановите нивни се чудат после зашто им свират пенали и црвени картони, зашто лактањата на Киелини можеби проаѓаат во Италија, ама не и во ЛШ.
И ти ми глумиш објективност :D
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Баш поради овие работи си страдаат во ЛШ. Зашто судиите таму не ги ебат многу многу и такви ситни фаули и прекршоци им ги санкционираат. Затоа фановите нивни се чудат после зашто им свират пенали и црвени картони, зашто лактањата на Киелини можеби проаѓаат во Италија, ама не и во ЛШ.
Фан на Реал Мадрид искомплексиран од Јувентус.

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Баш поради овие работи си страдаат во ЛШ. Зашто судиите таму не ги ебат многу многу и такви ситни фаули и прекршоци им ги санкционираат. Затоа фановите нивни се чудат после зашто им свират пенали и црвени картони, зашто лактањата на Киелини можеби проаѓаат во Италија, ама не и во ЛШ.
Искомплексиран си од пеналот шо Фиго не го даде во 2002та полуфиналето, не се важит твоево мислење.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
23 август 2010
Мислења
39.506
Поени од реакции
114.587
Ромањоли не знаеше да падне бе, да беше Суарез место него ќе изгледаше како класичен пенал и можда ќе беше досуден. Ама еј фаул у напад да свирнеш за тоа :pos::pos:
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.186
Поени од реакции
18.281
Она што пробувам да го кажам, брат ми Шкирикакиреија го има скоцкано, послатко да не може да биде. Која е причината, еве негово мислење е дека тоа е така поради притисок, јас искрено не го делам ама наклонетоста е присутна, она за кое што дискутираме цело време во темава. Да не излезе на крај дека јас, оној кој глуми објективност го пишува ова, еве еден од „твоите“.
Ама ти не го велиш истото. Ти рече дека константно Јувентус добива ситна судиска помош, а не општо големите екипи. Разликата е небо и земја, затоа ти велам дека глумиш објективност.

Еве најсериозно едно прашање. Што мислиш што ќе се случеше на темава ако Јуве беше во улога на Ливерпул од вчерашниот меч против Фулам? Независно што најдовте слики каде што дискутабилно се гледа 2-3цм офсајд.

Штета нема начин симулации да се прават на форумов, ќе ви паднеше пак како околу референдумот :icon_mrgr:
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.315
Поени од реакции
11.682
Абе втор жолт ќе беше престрого за Бенатиа,ама затоа да беше тоа играч на друг тим,регуларна ќе беше одлуката на судијата кога ќе му втераше втор жолт.Тогаш ќе беше:Eeeee рака во 16 секогаш е жолт картон,во случајот втор и тоа е тоа.Мрш таму гниди едни.Ми глумат реалност а се гледа во ситуациите со пеналот на Дибала или лани она со Пјанич колку сте реални.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.520
Поени од реакции
87.536
Она што пробувам да го кажам, брат ми Шкирикакиреија го има скоцкано, послатко да не може да биде. Која е причината, еве негово мислење е дека тоа е така поради притисок, јас искрено не го делам ама наклонетоста е присутна, она за кое што дискутираме цело време во темава. Да не излезе на крај дека јас, оној кој глуми објективност го пишува ова, еве еден од „твоите“.
Така е брат Пехљеја991, секогаш, ама секогаш појаките екипи добиваат судиска наклонетост. И Интер добивал пред 10 години, Милан, Барса, Реал, Јунајтед колкупати му прегледувале низ прсти во времето на Фергусон...
Незнам некои што глумат како да се од Марс паднати, демек ова се дешава Јуве одкако се ојача.

Ете пример Ливерпул од 90те не добива судиска помош, дека и со судии оние не би завршиле први на табела... сувишно е на нив да имаат судиска наклонетост

:kafence:
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Абе втор жолт ќе беше престрого за Бенатиа,ама затоа да беше тоа играч на друг тим,регуларна ќе беше одлуката на судијата кога ќе му втераше втор жолт.Тогаш ќе беше:Eeeee рака во 16 секогаш е жолт картон,во случајот втор и тоа е тоа.Мрш таму гниди едни.Ми глумат реалност а се гледа во ситуациите со пеналот на Дибала или лани она со Пјанич колку сте реални.
Сто пати е објаснат новиот критериум при судење на пенал.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.315
Поени од реакции
11.682
Сто пати е објаснат новиот критериум при судење на пенал.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
По новите критериуми она од Дибала беше пенал,јасно ни е.По новите правила ова не е втор жолт.По сенсот на судијата игра со рака од Јувенташ при шутот на Икарди,не е пенал.Кунг фу удар на пјанич кој сам за себе е црвен,по новите правила не е втор жолт.Кога шутира противникот на скапаниците,гол е само кога топката ќе ја искини мрежата,а не кога ќе ја помине линијата.По новите правила кога џубрината играат против Фросиноне и слична боранија, се свират пенали и кога не се,јер Јуве секако ќе тепаше и без пеналот.По новите правила,во купот,ако играч на Јуве направи црвен во 45+ судијата не го дава јер наводно свирнал за крај 3 секунди пред стартот.
По новите правила офсајд за јуве е само кога шпицот ќе се удави 5 метри во длабокото,оние минималните не се,пошто се судиско убедување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom