Друже, цело време те читам и не сфаќам дали тролаш, или недај Боже, нешто друго е. За да искористиш било каква бесплатна карта од Синеплекс треба да имаш Синеплекс бонус картичка (црвена или црна). Таа картичката за гребење што ја зборуваш цело време ја даваат секој четврток, ако платиш со Синеплекс бонус картичката. Ако ти се падне бесплатна карта на неа, таа автоматски ти се евидентира на твојата Синеплекс бонус картичка и можеш да ја искористиш кога сакаш. Ако ти се паднат бонус поени, исто ти ги префрлаат на картичката. Ако ти се падне друга награда како попуст на XXL мени или бесплатен сок, исто можеш да си ги искористиш во четврток кога сакаш. Ако немаш Синеплекс бонус картичка, не ти даваат картичка за гребење. Просто е како грав. Мислам, за ова да не го сфатиш...